ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи за МИА: Во 2021 економијата можеше да продуцира многу повеќе, но се случија глобални кризи

December 25, 2021 09:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Годината што изминува е година во која го започнавме опоравувањето, но за жал изгубивме и одредени можности поради глобалните кризи. Можевме многу повеќе, можеше економијата да продуцира многу повеќе, но се случија надворешни фактори на кои не можевме да влијаеме, вели вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју што подолу е објавено во целост.

Она на што ќе треба да се посвети државата во следниот период, според вицепремиерот, е намалувањето на административните бариери со што ќе им се овозможи на инвеститорите да инвестираат во сите сектори.

Него го загрижува фактот што во доментот на градежништвото се креира фама дека градењето нови објекти е штетно за животната средина и дека веќе има иницијативи да се стопираат градбите. Здравата животна средина останува императив, вели Битиќи, но мора да имаме визија за следните 50 години, бидејќи модерна држава не функционира со решенија од пред 50 години.

– Сметам дека тоа е лош феномен што ни се случува во општеството на кој наредниот период ќе мора заеднички да разговараме со граѓаните. Не можете да кажувате дека градењето на нови објекти ќе и штети на животната средина. Како Влада ќе осигураме дека императив е здрава животна средина за нашите граѓани, но тоа се креира преку норми и критериуми во градежништвото. Тоа треба да го дефинираат експертите, а не ние како граѓани. И јас сум поборник на тоа дека треба да има паркови, велосипедски патеки и добри улици, но ние влеговме во еден волшебен круг дека не треба ништо да се гради и дека вака е добро, а во суштина сфаќаме дека немаме добро сообраќајно решение, можност за добри велосипедски патеки, паркови…. Мораме да имаме визија за следните 50 години, мораме да размислиме за сообраќајници под земја и над земја. Ние сме единствена земја, не само во Западен Балкан, која нема ниту еден тунел во град како сообраќајно решение, нагласува Битиќи.

Во интервјуто, вицепремиерот гарантира дека нема да има рестрикции и струјата нема да поскапи како што најавува опозицијата. За ранливите категории ќе има ваучери за енергетски додаток.

– Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам, вели Битиќи.

За иницијативата „Отворен Балкан“ нагласува дека е направен голем исчекор со потпишувањето на договорите во Тирана, со кои меѓу другото се овозможува мобилност на работната сила меѓу трите држави. Тој верува дека проектот „Отворен Балкан“ е остварлив и дека заедно како регион може да отвориме поголеми можности за сите отколку сами. Битиќи се надева дека наскоро и останатите држави од Западен Балкан ќе се приклучат на иницијативата.

– Иницијативите никако не се замена за Европската унија, тие никако не можат да бидат замена затоа што четирите основни вредности на ЕУ или живеат во нас или не живеат. Ако денес не зборуваме за мобилност на луѓето, кога тоа ќе го докажаме, кога ќе влеземе во ЕУ? Тогаш ќе биде доцна. Јас стравувам дека кога тоа ќе сакаме да го направиме после пет, десет или 15 години, дека тогаш ќе нема за кого тоа да го направиме затоа што сите со отворен вид ќе не напуштат, бидејќи сме биле крути во нашите размислувања да креираме подобра визија и можности за нашите деца. Затоа велам не е битна иницијатицата, дајте да зборуваме за целите. Која е клучната цел што сакаме да ја постигнеме и што е  тоа што сакаме да им дадеме на нашите деца, истакнува Битиќи.

Во интервјуто, вицепремиерот дава и своја оценка за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари, а одговара и на прашањето дали недобивањето на зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ ќе се одрази врз севкупната економска состојба во земјава. Открива и дали ќе остане на вицепремиерското место во новата Влада.

– Сметам дека секој носител на функција треба да ја извршува функцијата одговорно и со одредени резултати. Сметам дека во изминатиот период се обидов да бидам одговорен на позицијата која што ја имав и да испорачам одредени резултати. Останува на новиот мандатар да утврди дали тоа е доволно за да бидам носител на функција во следниот состав на владата. Ако одлуката е да бидам, секако ќе ја прифатам затоа што сметам дека делиме исти вредности и исти политики и тоа е клучното за нашата земја во овој момент да се поддржуваме, нагласува вицепремиерот во предновогодишното видео интервју за МИА кое го објавуваме во целост.

извор: МИА
Next Post

Честитка на Џафери за католички Божик: Ширењето позитивни мисли на надеж, верба, почит и разбирање се должност на секој од нас

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk