ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада

December 27, 2021 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада. Шефот на државата во телевизиско интервју истиот ден изјави дека очекува мандатот на мандатарот да му го додели во вторник или среда.

–  Ми треба уште еден допис, кому да дадам мандат. Не можам да нагаѓам, морам да добијам допис од партија или партии кои треба да кажат ние имаме мнозинство и тој и тој е мандатар. Јас не можам да го дадам мандатот на СДСМ, морам да знам кому го давам како личност, конкретно на некој човек, рече Пендаровски во интервју за Канал 5.

За мандатар се очекува да биде предложен новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. Според најавите, денеска ќе заседава Централниот одбор на СДСМ на кој  Ковачевски и официјално би требало да биде потврден како кандидат за нов премиер.

На седницата на ЦО ќе се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.

Претседателот на државата Пендаровски смета дека Ковачевски е непознаница во политиката затоа што не бил на позиција претходно, но смета дека треба да му се даде шанса.

– Треба да му се даде шанса. Факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат. Мислам дека има добра стартна основа, рече Пендаровски во интервјуто.

Во услови кога во јавноста веќе се посочуваат можните нови членови на Владата, некои од актуелните министри најавија повлекување. Така, министерката за одбрана Радмила Шекеринска уште пред 10 дена информира дека нема да биде дел од новата Влада, откако пред осум месеци се повлече и од функцијата заменик-претседател на СДСМ.

По неа, и министерката за образование и наука Мила Царовска соопшти дека донела одлука да не учествува во новата Владата. – Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју за МИА изјави дека е подготвен да остана на функцијата и во новата влада.– Сметам дека секој носител на функција треба да ја извршува функцијата одговорно и со одредени резултати. Сметам дека во изминатиот период се обидов да бидам одговорен на позицијата која што ја имав и да испорачам одредени резултати. Останува на новиот мандатар да утврди дали тоа е доволно за да бидам носител на функција во следниот состав на владата. Ако одлуката е да бидам, секако ќе ја прифатам затоа што сметам дека делиме исти вредности и исти политики и тоа е клучното за нашата земја во овој момент да се поддржуваме, нагласи Битиќи.

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски во четвртокот, гостувајќи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, изјави дека смета оти не треба да биде дел од новото раководство на партијата, нагласувајќи дека во новиот партиски тим треба да бидат нови луѓе кои имаат енергија и една поинаква визија.

Претходно, истиот ден, Спасовски на прес-конференција не сакаше да коментира дали ќе биде дел од новата Влада. – Ништо нема да коментирам, а за сите идни случувања во овој дел ќе донесам дополнителна одлука, изјави Спасовски.

Својот ресор во новата Влада нема да го задржи ни министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи со договорот со новиот коалициски партнер Алтернатива, оваа партија ќе го добие раководењето со Министерството за здравство, на чие чело би застанал Беким Сали. Алтернатива дополнително за министер за информатичко општество и администрација го номинира Адмирим Алити, а за министер без ресор одговорен за дијаспората Џемаил Чупи.

ДУИ веќе најави дека останува на ставот оти нема да има промени на нивните министри, со исклучок на актуелниот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, чиј ресор го добива Алтернатива и кој би застанал на чело на Министерството за образование и наука. Се очекува функцијата да ја задржи и министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски.

Откако мандатарот ќе го добие мандатот за формирање нова влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. За да биде избран, за предложениот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk