СДСМ го избра новото партиско раководство, нови членови на Централниот одбор и нов Извршен одбор на партијата.
„При изборот на нови членови на Извршниот одбор и за нови потпретседатели, се раководев од тоа во тимот да имаме искусни луѓе препознатливи по својот ангажман во СДСМ, но и млади луѓе кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности“ – изјави партискиот лидер Димитар Ковачевски, на прес конференцијата пред полноќ.
Нови потпретседатели на партијата од денеска се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи, кој и досега беше на оваа позиција и продолжува со уште еден мандат. Нов генерален секретар партијата е Миле Зечевиќ, нов организациски секретар е Вангел Андрески а секретар за меѓународна политика е Бојан Маричиќ, актуелен министер за правда. Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, го продолжува мандатот кој го доби на изборот на Конгресот.
Во Извршниот одбор на СДСМ се избрани: Ана Данева Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајоска, Мелиса Ценовска Серафимовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски и Никола Рилак.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски објави на Фејсбук дека на вечерашниот Централен одбор на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на новата влада.