ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нова влада до средината на јануари

December 28, 2021 07:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Стефан Богоев, Фатмир Битиќи, Бисера Костадиновска Стојчевска и Перо Костадинов се новите потпретседатели на СДСМ избрани на седницата на Централниот одбор на партијата. За генерален секретар на партијата е именуван Миле Зечевиќ.

-При изборот на нови потпретседатели се раководев од тоа во тимот да има искусни луѓе препознатливи во својот ангажман во СДСМ, но и млади кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности, рече на вечерашната прес-конференција лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

За организациски секретар е избран Вангел Андрески, а за секретар за меѓународна политика Бојан Маричиќ. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска ќе го продолжи мандатот добиен на Конгрес.

Во Извршниот одбор на СДСМ се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, и Никола Рилак.

Тој најави формирање советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, чиј претседател треба да биде Игор Ивановски.

Ковачевски, на прес-конференцијата најави дека новата влада ќе биде изгласана во средината на јануари, најдоцна до 18 јануари 2022 година. Рече дека новата влада ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето…

Ковачевски изрази благодарност за досегашната работа на сите кои биле дел од партијата и изрази надеж тие ќе бидат дел и од неа во иднина.

-Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владините програми и политики. Јас сум оптимист дека новата влада предводена од СДСМ ќе ја избереме во средината на наредниот месец, до 18 јануари.  Пред новата влада ги имаме менаџирањето на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија. Верувам дека можеме сите овие предизвици да ги надминеме со стабилна влада со мандат до 2024 година, рече Ковачевски.

Според него, силен фокус ќе биде ставен на економијата, на ефикасна реализација на програмата и на капитални инвестициии, како и продолжување и зголемување на финансиска поддршка за сите граѓани и компании.

-СДСМ ќе се менува и унапредува во секој сегмент од своето работење и делување. Ова ќе го постигнеме преку создавање ефикасен систем кој им служи на сите граѓани, инклузивен за целото членство и за секој кој сака да помогне и поддржи напредок на нашата земја. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри. Да се потпира и слуша луѓе кои ќе ги карактеризира знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности, рече тој.

Најави и активирање на централниот систем на комисии на СДСМ, кои според него, се сериозен механизам за отворање на партијата кон професионалци од различни области и сегменти од општеството и за нивното стручно ангажирање.

Одговарајќи на новинарско прашање тој нагласи дека парламентарното мнозинство е стабилно и оти во идниот период може само да расте.

-Во Собранието имаме стабилно мнозинство што се виде и преку гласањето на Буџетот. Имаме завршено разговори со сите коалициски партнери. Во фаза на подготовка е владината програма и во законскиот рок откако ќе го земеме мандатот ќе предложиме влада, рече лидерот на СДСМ. /МИА/.

Next Post

Во земјава засега само еден случај на омикрон, нови рестрикции нема да има

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk