ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Во земјава засега само еден случај на омикрон, нови рестрикции нема да има

December 28, 2021 07:53
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава засега има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. За време на новогодишните празници надлежните сметаат дека дополнителни рестрикции не се потребни, бидејќи како што велат, ситуацијата е мирна.

Инаку, согласно последната статистика, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 119 случаи на КОВИД-19, од направени 2.324 тестирања. Оздравеле 257 пациенти, а починале три лица.

Со ова, во земјава досега има вкупно 223.330 ковид-дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата. Оздравеле вкупно  210.732, а починале 7.907 пациенти. Има вкупно 4.691 активни случаи.

Засега останува само еден случај на омикрон, и тоа кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски.

Епидемиолошката состојба останува стабилна, а како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, во текот на следната недела ќе се направи дополнителна анализа.

– Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од странство, мислам дека треба да се направи дополнителна анализа во текот на следната недела. Сепак, тоа што е присутен во регионот може да значи дека е заради честите комуникации и патувања на нашите граѓани во соседните земји, изјави вчера Филипче.

Тој исто така додаде дека нема зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, а болниците и натаму работат без притисок од зголемен наплив на пациенти.

Токму поради тоа, министерот останува на ставот дека нема потреба од какви било дополнителни рестрикции. Филипче смета дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза.

Задолжителната вакцинација, мерките за патување и непреполнување на затворените простории според ресорниот министер, се сосем доволни.– Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни. Замислете да имаше огромен број пациенти и преоптоварени ковид-центри. Сега ковид-центрите не се полни зошто нема пациенти, нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје, ниту ширум државата. Во огромен број од инфективните одделенија практично нема хоспитализирани, рече Филипче, посочувајќи дека десетина инфективни одделенија се празни.

Исто така, дел од пациентите кои се дијагностицирани се праќаат на домашно лекување зошто имаат полесна клиничка слика.

Сепак, сојот омикрон забрзано се шири низ државите во светот, па и на Балканот. Во Косово до неодамна беа потврдени вкупно девет случаи.

Претставници на Институтот од Косово прецизираа дека два случаи се регистрирани кај лица кои дошле во Косово од САД, два кај лица од Лондон и еден од Франција. Четири случаи се потврдени кај лица од Јужна Митровица и се работи за лица рекле дека не патувале никаде ниту имале контакт со лица кои не се од Косово.

Институтот, заедно со косовското Министерство за здравство, ги повика граѓаните строго да се придржуваат до анти-ковид мерките и да се вакцинираат.

Во Турција пак, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 20.138 случаи на коронавирус и 173 починати лица.

Во текот на вчерашниот ден од ресорното Министерство во Турција информираа дека повеќе од 128,66 милиони дози вакцина против КОВИД-19 се дадени во рамките на кампањата за масовна вакцинација која во Турција почна на 14 јануари.

Повеќе од 56,8 милиони луѓе примиле прва доза вакцина, а 51,4 милиони граѓани целосно се имунизирани.

 

Во меѓувреме, од Европската Комисија информираа дека во ЕУ против КОВИД-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните.

-Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против КОВИД-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во видео обраќање.

Според неа, вакцинацијата, вклучително и засилувачката доза на вакцината, останува најдобриот начин за справување со пандемијата на коронавирусот. /MИА/.

Next Post
МИА

Ковачевски избран за мандатар, нова влада најдоцна до средината на јануари

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk