Шпанскиот напаѓач Феран Торес го комплетираше трансферот во Барселона вреден 55 милиони евра, со 10 милиони преку бонуси, кои ќе му припаднат на неговиот поранешен клуб Манчестер Сити, пренесува Спорт Клуб.
Торес потпиша петгодишен договор со Каталонците, а откупната клаузула изнесува милијарда евра.
? Ja el tenim aquí, Culers!#BenvingutFerran pic.twitter.com/jlISdK4yAT
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) December 28, 2021
Младиот играч (21) го напушти Сити по година и пол. Пристигна на „Етихад“ во летото 2020 година од Валенсија за 23 милиони евра. Тој беше донесен како иднина на Граѓаните, но очигледно не се снајде најдобро во системот на Пеп Гвардиола.
Сезонава одигра вкупно седум натпревари за Сити, со два гола и една асистенција.
Феран Торес се очекува да биде еден од предводниците на новиот проект во Барса, предводен од Чави на клупата и плејада таленти на теренот – Ансу Фати, Педри, Гави, Френки де Јонг.