Вонредна точка на дневен ред: ВМРО ги враќа старите имиња на улиците во Скопје уште пред и да ги испечати таблите со новите. Без дискусија, без јавна дебата, на препад на два дена пред нова година, во стариот дух на груевизмот своеволно и подмолно. Левица и АА веќе гласаа за ставање на точката на дневен ред на Советот на Град Скопје и до крајов на денов ќе си ги вратат старите имиња на улиците, напиша на Фејсбук Никола Наумоски, поранешниот шеф на кабинет на градоначалникот Петре Шилегов.
„Практично, Реџеп Исмаил од Левица ќе гласа вечерва да се задржи Аминта Трети на Ленинова, или Салвадор Аљенде да се вика Тодор Александров. Заменик Градоначалничката Бујаре Абази од Алијанса ќе гласа идниот булевар Хасан Приштина да продолжи да се вика Качанички пат“, напиша Наумоски.
Извор: Фејсбук