ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Позитивни движења во економијата, даночните приходи и придонеси натфрлени

December 30, 2021 13:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Годината ја завршуваме со економски раст од 4,1  процент  во согласност со нашите проекции и со можност тој раст да се надмине, реализација на капиталните инвестиции  за над 40  проценти повеќе од претходната година и натфрлање во реализацијата на даночните приходи и придонеси во однос на проекциите од ребалансот на Буџетот за 2021 година.

Ова го истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата објавена колумна во која вели дека очекува позитивните движења во економијата да продолжат.

-Политиките имплементирани од страна на Владата за поддршка на закрепнувањето на економијата, доведе до остварување стапки на реален раст на економијата од 13,4 проценти во вториот квартал и  три проценти во третиот квартал од 2021 година, со што кумулативниот раст за првите три квартали достигна ниво од 4,6 проценти. Овој раст претежно беше предводен од зголемувањето на трговијата на мало и на големо со пораст од 15,9 проценти заклучно првите три квартали од годината споредено со 2020 година и на услугите со пораст од 5,4 проценти. Очекуваме до крајот на годината позитивните придвижувања да продолжат и да ја завршиме годината со економски раст од 4,1 процент, во согласност со нашата проекција, со можност истиот и да се надмине, наведува министерот за финансии.

Во однос на реализацијата на капиталните инвестиции истакнува дека  согласно последните расположливи податоци имаме за над 40 проценти повисоки реализирани капитални инвестиции споредено со истиот период претходната година. Односно, појаснува, реализацијата на капитални инвестиции е на ниво од околу 370 милиони евра или околу 77 проценти реализација во однос на планиреаните средства за 2021 година. Според министерот, реализираните инвестиции се очекува да достигнат највисоки ниво и во апсолутни износи,  дава дополнителен оптимизам за реализирање на големите капитални проекти планирани во Планот за забрзан економски раст.

Во колумната министерот за буџетскиот дефицит наведува дека се очекува тој да биде под шест проценти од проценетиот БДП во 2021 година, наспроти планираното ниво од 6,5 проценти во 2021 година, а исто така намален и од нивото од 8,2 проценти во 2020 година, со тенденција на понатамошно намалување односно 4,3 проценти од БДП, предвидени во Буџетот за 2022 година.

-Особено важно е да се потенцира фактот дека има натфрлување во реализацијата на даночните приходи и придонесите и тоа истите достигнуваат ниво од 102 проценти од планираното со ребалансот во јуни 2021 година кога истите беа ревидирани нагоре во однос на почетниот буџет за пет проценти даночните приходи и за 1,3 проценти придонесите. Ваквата реализација на даночните приходи и придонеси придонесува за намалување на дефицитот за 0,5 проценти од БДП, односно околу 3,8 милијарди денари, вели министерот во колумната. Додава дека ова е дополнение на плановите на Министерството за финансии за фискална одржливост, фискално консолидирање и предвидливост при континуирано следење на движењата во економијата, и задржување на простор за државна интервенција во време на кризи, како сегашната.

Министерот оценува дека воведувањето на среднорочното буџетско планирање во хоризонт од три години и со изгледи за наредните пет години, е додадена вредност кон предвиливоста на фискалните политики и одржливоста на јавните финансии, како и конзистеноста кон зацртаните цели.

Следната година, вели министерот, се очекува реален раст на БДП од 4,6 роценти, воден од порастот во бруто инвестициите од 8,5 процентуи, зголемена извозна активност од 8,1 процент, зголемена потрошувачка и вработеност со по 3,1 процент, што ќе доведе до целосно заздравување на економијата и започнување на период на забрзан раст од над 5 проценти годишно, при што се надева дека глобалните економски текови ќе бидат подобри со цел целосно валоризирање на можностите, кои ни претстојат.

Исто така посочува дека планирано е рекордно ниво на капитални расходи со учество од 14 проценти во вкупните расходи, односно историски највисоки 38,2 милијарди денари, нов квлитет во начинот на конципирање на буџетските политики и водење на јавните финансии, како и средства од околу 90 милиони евра, за поддршка на стопанството од ковид и енергетската криза со цел да може навремено да се реагира на предизвиците.

извор: МИА

Next Post

Герасимовски: Сто прочистувачи за воздух за сите занимални во сите градинки во Центар

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk