пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ
Зошто „Don’t Look Up” не е добар филм?
Затоа што, како прво и најважно, не е филм.
Еден филм на го прават одличниот кастинг и високиот буџет. Потребни се многу други состојки од највисок квалитет за да едно кинематографско дело се нарече филм.
Ако сакате да гледате ФИЛМ за катастрофалниот крај на земјата гледајте го „Др. Стрејнџлав, или како научив да престанам да се грижам и да ја сакам бомбата“ (Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb) на Стенли Кјубрик.
И „Др Стрејнлав“ како и „Don’t Look Up” е комедија и иронизирана пародија на арогантноста и неспособноста на оние со моќ во рецете, ама не е површен, не е плакатен израз и пренесена атмосфера од секојдневието на социјалните мрежи.
Кому му треба тоа на филм кога веќе го имаме секој ден, во секое време на наште телефони?
„Don’t Look Up” го продаваат одличните глумци, ама истовремено и го распродаваат својот неприкосновен талент: Ди Каприо, Џенифер Лоренс, Кејт Бланшет, Мерил Стрип, Тајлер Пери, Џона Хил (одличен) и сите останати.
Јас нема да ги паметам поовие нивни ликови, секако.
„Don’t Look Up” не е ништо од тоа. „Don’t Look Up” е само еден скапо платен видео коментар.
И тука доаѓаме до Netflix, еден Deep Impact (се сеќавате на Мими Ледер и нејзиниот We All Gona Die филм) во сериозната филмска индустрија и уметност.
Netflix со својата инстант видео продукција и дистрибуција е најсериозната закана за добрата филмска продукција. Дивите видеотеки од времето и видео касетите се мачкина кашлица во однос на последиците од Netflix.
Можеби сум премногу возарасен и овие бели коси виделе многу, но мене таа визија не ми се допаѓа.
Дури спремен сум да го бранам и ставот дека Netflix е, всушност, истото тоа што социјалните мрежи со својата површност се за традиционалната култура.
Текстот е личен став на Авторот.