ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Голем пожар го зафати јужноафриканскиот Парламент во Кејптаун

January 2, 2022 16:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Голем пожар беснее во зградата на Парламентот во јужноафриканскиот град Кејптаун. Огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом и облак од црн чад се крева кон небото.

Десетици пожарникари се борат со огнот. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, само неколку часа по државниот погреб на архиепископот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на Парламентот.

Покривот е запален, а гори и зградата на Народното собрание, соопштија градските власти.

– Првичните информации покажуваат дека пожарот избувнал во канцелариски простор и се проширил кон салата за фитнес, изјави Жан-Пјер Смит, член на кабинетот на градоначалникот на Кејптаун, одговорен за безбедност.

Министерката за јавни работи и инфраструктура Патриша де Лил истакна дека пожарот во Покраинскиот совет (горниот дом на парламентот) е локализиран, но зградата на Националното собрание сè уште гори.

– Ова е многу тажен ден за нашата демократија, бидејќи Парламентот е дом на нашата демократија. Парламентот е исто така стратешка клучна точка. Сите прашања ќе бидат истражени. Полицијата веќе започна истрага, форензиката е тука. Засега не можеме да кажеме од каде избувнал пожарот, нагласи Патриша де Лил.

Собранието во моментов не заседава поради празниците.

Зградата во Кејптаун се состои од три дела, најстариот датира од 1884 година. Во поновите делови, изградени во 20-те и 80-те години од минатиот век, се наоѓа Националното собрание.

Минатата година пожар опустоши дел од библиотеката на Универзитетот во Кејптаун, каде што се наоѓаше уникатна колекција на африкански архиви.

Next Post

Првото новороденче во Новата година во Струга е машко

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk