ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Опозицијата со 180 амандмани ги блокира измените за отстранување на ограничувањата за избор на дипломати за претседавањето со ОБСЕ

January 3, 2022 12:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека опозицијата со 180 амандмани го блокира предлогот кој се однесува на еден член од Законот за надворешни работи, кој претставува ограничување при селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ. Односно, според тој член, за еден дипломат да замине на мисија треба од завршувањето на претходната мисија, да има престој од 24 месеци во Министерството за надворешни работи, до следниот мандат.

– За да го објаснам контекстот, за да се испратат дипломати на тригодишен мандат, покрај другите критериуми, треба да исполнат уште еден критериум, а тоа е две години најмалку да биле во Скопје во МНР од завршувањето на претходниот мандат. Значи 24 месеци требало да поминат од враќањето од претходниот мандат. Бидејќи претседавањето со ОБСЕ е вонредно, една вонредна специјална мисија во која што дипломатите ќе одат не на цел мандат, туку на 14-15 месеци и за да не бидеме ограничени во изборот на дипломати коишто ќе ги испратиме, затоа пратениците откако им ја објаснивме оваа проблематика, предложија измени на еден став, односно за претседавање како што е ОБСЕ, односно за вакви специјални мисии, да не важи ограничувањето 24 месеци, наведе Османи.

Тој додаде дека и покрај тоа што опозицијата била информирана навреме, сепак поднеле 180 амандмани.

– Опозицијата беше информирана навреме, затоа што јас ги информирав и претставниците на опозицијата и претставниците на Владата. Претставниците на Владата прифатија да помогнат во овој процес, претставниците на опозицијата иако не најавија дека имаат каква било забелешка, сепак излегоа со 180 амандмани, од кои некои смешни, провокативни, само да го блокираат процесот којшто нема врска со никаков владин, партиски, политички интерес. Едноставно да можеме да ги избереме најдобрите за најголемиот надворешно-политички предизвик и привилегија што ја има државата. Ваква можност немала една мала држава, да раководи организација од 57 земји-членки каде што се и САД, и Русија и најголемите држави во светот и ние ќе ја претстедаваме таа Организација во текот на цела година, вклучувајќи како копретседавачи една година порано. Тоа беше целта на таа измена. Се надевам дека ќе можеме сега да пристапиме понатаму кон овие измени за да ги создадеме сите логистички предуслови за едно ефикасно претседавање, истакна Османи.

Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата.

Шефот на дипломатијата денеска на прес-конференција наведе дека земјава како претседавач со ОБСЕ ги утврдува приоритетите за претседавањето, односно на кои прашање ќе се фокусира.

– Формално сме обврзани некаде до мај да ги преставиме приоритетите, истакна министерот за надворешни работи.

Тој додаде дека процесот за утврдување на приоритетите е веќе почнат.

– Почнавме прво со внатрешни консултации на нашите институции, што мислат нашите институции во однос на приоритетите, МО, МВР, МЖСПП – сите министерства коишто имаат надлежности во тој дел. Тоа беше во прва фаза, втора фаза бевме во Виена, државниот секретар со екипа се сретна со сите амбасадори на земјите учеснички во Виена, исто така ги слушнавме нивните размислувања, а и јас планирам во првите шест месеци да ги посетам неколкуте земји учеснички исто така за да видам кои се нивните погледи, кои се нивните очекувања од нас за да бидеме спремни некаде во мај прво да ги претставиме пред нашите граѓани приоритетите, а потоа и во Виена пред постојаните претставници на земјите учеснички на ОБСЕ, образложи шефот на дипломатијата.

извор: МИА

Next Post

„Viva L’opera!“ - Традиционален концерт за празникот „Василица“ на 12 и 13 јануари во НОБ

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk