ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Стравот на Мицкоски од Ковачевски

January 3, 2022 11:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бојан Петрески

Бојан Петрески

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОЈАН ПЕТРЕСКИ

По новогодишните обраќања и честитки од првите луѓе во државата, новогодишни обраќања имаа и лидерите на најголемите политички партии. Секој од нив со искрени желби  за добро здравје, среќа, радост, мир, благосостојба и толеранција во претстојната година за целиот наш народ. Во поглед на желбите за општествено-политичките теми, горе-долу, кај секој од нив  беше ставањето крај на пандемијата во новата 2022 година, што поуспешна економска година, конечно добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, успешно справување со светската енергетска криза и справување со сите други предизвици.

Секој од нас новата година ја дочека во различна атмосфера, онака како што сите сме си планирале. И еве додека сè уште си ја честитаме, си упатуваме меѓусебни желби, додека ги сублимираме впечатоците од новогодишните случувања, во јавноста продефилира спроведената анкета од агецијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, станува збор за анкета спроведена од 6 до 20 декември 2021 година врз 1023 испитаника на целата територија на Република Северна Македонија. Анкетираните граѓани имале можност да одговорат на неколку прашања и да го дадат своето мислење. Во поглед на резултатите, во анкетата се вели дека најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ е во предност од некои си скоро 9 проценти пред владејачката СДСМ.

Па така, сублимирајќи ги коментарите во јавноста и меѓу граѓаните по оваа спроведена анкета, очигледно е дека анкетата има спорни елементи, бидејќи никаде не е објавена маргината на грешка и никаде не го пишува начинот на кој истата е спроведена.

Исто така, спорен е моментот кога се обелоденети резултатите од истражувањето. Обелоденувањето на резултатите од оваа анкета во првите денови од новата 2022 година, сè поизвесно наговестува дека уште од самиот почеток кај првиот опозиционер Мицкоски се јавува доза на страв, неизвесност и несигурност заради враќањето на одредени луѓе на високи партиски позиции во владејачката СДСМ, кои ќе бидат дел од новиот владин состав, како и за тоа каков ќе биде начинот на делување на новото раководство на СДСМ во целина.

Опозицијата за момент нè потсетува на времето кога партиските нарачани анкети мораа да бидат масовно споделувани од про-опозициските ТВ, пишани и електронски медиуми со цел да влијаат при градењето став и мислење кај граѓаните по одредени теми.

Покрај целата ситуација со анкетата, неизбежно е да се спомене и тоа дека сè уште не седнат во премиерската фотелја на Илинденска бр.2, претседателот на СДСМ, Ковачевски, веќе е квалификуван со „епитети“ од опозициската партија.

Очигледно е дека центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ толку нема со што јавно да го деградира Ковачевски, па ловат во матно. И јасна е нивната цел, ширење на лажни вести и дезинформации од типот на тоа дека Ковачевски уште не седнат во премиерскиот кабинет им „приредил“ ценовен шок на граѓаните и раст на сметките за струја од 40%, што ни оддалеку не е точно.

Целиот овој обид за деградација, ставање етикети и стартно намалување на рејтингот на Ковачевски, падна во вода откако претседателот на РКЕ, јасно излезе и образложи врз основа на што се должи поскапувањето на електричната енергија и колкаво ќе биде тоа процентуално.

Од друга страна пак, не може да се изостави ниту обидот на ВМРО-ДПМНЕ за деградација на Ковачевски околу неговото образование. Имено, беше обелоденето дека дипломата на Ковачевски од Харвард е спорна. Исто така, пробаа да наметнат дилема и за неговиот докторат на Универзитетот во Црна Гора.

Високото образование на Ковачевски е јасно и јавно обелоденето. Па така, тој во 1998 година дипломира на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Економски Факултет, а на истиот факултет магистрира во 2003 година. Докторските студии по економија ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора во 2008 година каде што се стекнува со титулата доктор на економски науки. Стручно усовршување поминува на Школата за бизнис при Универзитетот ,,Хардвард” во 2011 година, Европскиот претприeмачки колоквиум на Техничкиот универзитет во Минхен, каде што стана ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, Школата во Ротердам за менаџмент при Универзитетот „Еразмус“ во Холандија во 2016 година и  ЕАДА Бизнис школата во Барселона, Шпанија во 2017 година.

Следствено на сè ова, паѓаат во вода сите шпекулации кои беа пласирани во јавноста на крајот на старата и почетокот на новата година. Од ова што ни се прикажува во првите денови од 2022, можеме да видиме дека останува добо познатата политичка матрица кај опозицијата, која има за цел дефокус на јавноста.

Може слободно да се каже дека многумина политичари добиле шанса да се етаблираат на македонската политичка сцена, некои успеале, некои не. Токму затоа неблагодарно е да носиме било какви заклучоци уште пред да видиме како Ковачевски и тимот ќе ,,пловат” во политичките води во Северна Македонија.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

 

 

 

 

 

 

 

Next Post

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk