ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Природата во градот ја намалува осаменоста

January 4, 2022 12:31
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Ново истражување покажа дека контактот со природата во градовите значително ја намалува осаменоста кај луѓето. Овој здравствен проблем може да ја зголеми опасноста од смрт за 45 отсто, што е повеќе од загадувањето на воздухот, дебелината или прекумерното консумирање алкохол, пренесува „Гардијан“.

– Истражувањето го оспорува традиционалниот поглед на градовите како места кои секогаш се лоши за менталното здравје и осаменоста. Елементите како природата во градот и социјалната вклученост можат да ја намалат осаменоста, вели професорот Андреја Мечели, член на истражувачкиот тим и стручњак за ментално здравје од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија.

Според наводите, градскиот метеж го зголемува чувството на осаменост во просек за 39 отсто. Но, кога луѓето се во близина на дрвја или слушаат птици на небото, тоа чувство е намалено за 28 отсто. По анализата на податоците, истражувачите забележале дека резултатите укажуваат на повеќе начини на намалување на осаменоста.

Познато е дека времето минато в природа го зголемува и профитот, па се проценува дека пешачењето в шума може на државата да ѝ заштеди и 185 милиони фунти годишно за здравствени трошоци. Мајкл Смит, уметник кој работи на урбани пејзажи, е дел од истражувачки тим, па даде свое видување.

– За луѓето како нас, кои работат со јавниот простор, потврдувањето на спорадичното знаење што го добиваме на терен со овие научни заклучоци е неверојатно вредно во проценката на вредноста на овие простори. Здравјето на животната средина и јавното здравје се едно исто!, рече Смит.

Повеќе од 750 луѓе во испитувањето одговараа на едноставни прашања за осаменоста, пренатрупаноста, социјалната вклученост и контактот со природата трипати на ден во текот на две недели. Така, 16.600 одговори на прашања „Дали се чувствувате добродојдени меѓу луѓето околу вас“ и „Можете ли да ги видите дрвјата сега“ беа надополнети со параметрите – возраст, етничка припадност, образование и занимања.

– Одамна е познато дека пристапот до природната средина може да поттикне друштвени интеракции и поврзување. Овој труд додава тежина на постоечките докази за нашето претпочитање на природната средина и потенцијалните придобивки за општеството, рече Кристофер Гидлоу, професор по применети здравствени истражувања на Универзитетот Стафордшир.

Архитектката и член на истражувачкиот тим, Јохана Гибонс смета дека градовите се живеалишта што растат со голема брзина.

– Затоа треба да создадеме урбани живеалишта каде што луѓето ќе можат да напредуваат. Природата е клучна компонента за тоа бидејќи, верувам, длабоко во нашите души има вистински врски со силите на природата!, истакна Гибонс.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска: Новиот министер наследува систем кој е сложен, но има резултати

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk