Омикрон, мисиите на Месечината и честична физика, се меѓу темите кои треба да ги обликуваат истражувањата во новата година.
КОВИД продолжува
Како што светот влегува во третата година од пандемијата КОВИД-19, без никаков крај, непосреден предизвик е подобро да се разбере влијанието на Омикрон варијантата на коронавирус, која брзо се шири и првпат беше забележана на крајот на ноември, и заканата која што ја претставува. Раните резултати покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни против Омикрон. Научниците сè уште се тркаат за да дознаат повеќе за сериозноста. Во 2022 година, истражувачите и властите за јавно здравје, исто така, ќе продолжат да го следат порастот на новите варијанти на САРС-КоВ-2, како и долгорочните ефекти врз луѓето кои се опоравиле од инфекцијата.
Вакцините ќе се надградуваат
Произведувачите на вакцини се насочија кон следната генерација на вакцини дизајнирани да заштитат од коронавирусот кој брзо се развива. Оваа година би можело да се види развој на РНК вакцини кои се насочени кон одредени варијанти, а некои службеници од јавното здравство се надеваат на зголемена улога на вакцините кои користат други технологии. Вакцините засновани на протеини се поконвенционален вид имунизација, некои се користат со децении против болести, вклучително и хепатитис и херпес зостер, и во 2021 година тие покажаа ветување во фазата III од клиничките испитувања на КОВИД-19. Вакцините засновани на ДНК се поевтини за производство од mRNA вакцините и не бараат складирање во ладилници, така што би можеле да бидат добра алтернатива за земјите со пониски приходи.
Физиката ќе земе поголем замав
По повеќегодишно исклучување и долгогодишно одржување, „Hadron Collider“ треба да ги рестартира своите операции во ЦЕРН- европската лабораторија за честична физика надвор од Женева, Швајцарија, во јуни. Главните експерименти на LHC, ATLAS и CMS беа надградени и проширени со дополнителни слоеви на компоненти на детектори. Ова ќе им овозможи да соберат повеќе податоци од 40-те милиони судири на протони што секој од нив ги произведува секоја секунда. И по нивните сопствени надградби, четирите светски детектори со гравитациски бранови, еден во Јапонија, еден во Италија и два во САД, ќе започнат со ново набљудување во декември.
Мисии на Месечината
Голем број орбитери и слетувачи од вселенски агенции и приватни компании е планирано да заминат на Месечината во 2022 година. НАСА ќе го лансира орбитерот Артемис I во првиот тест на одамна задоцнетиот систем за лансирање, кој е наменет на крајот да ги врати астронаутите во површината на Месечината. И орбитерот „CAPSTONE“ на агенцијата ќе спроведе експерименти како подготовка за Gateway, првата вселенска станица што орбитира околу Месечината.
Третата индиска лунарна мисија, Чандрајаан-3, има за цел да биде прва што ќе изврши меко слетување (тоа што не го оштетува леталото) и ќе носи свој ровер. Јапонија, исто така, ќе го има своето прво меко слетување на Месечината, со мисијата „SLIM“.
Од приватна страна, компанијата „Испејс“ со седиште во Токио го лансира лендерот „Хакуто-Р“, кој ќе го носи роверот „Рашид Мун“ од Обединетите Арапски Емирати. Две американски компании, „Astrobotic Technology“ во Питсбург, Пенсилванија и „Intuitive Machines“ во Хјустон, Тексас, подготвуваат сонди кои ќе ги носат инструментите на НАСА на површината на Месечината.
До Марс и ѕвездите
Друго епско вселенско патување за гледање ќе биде заедничката руско-европска мисија „ExoMars“, која треба да се случи во септември и ќе го однесе роверот „Розалинд Френклин“ на Европската вселенска агенција на Марс, каде што ќе бара знаци на живот. Лансирањето првично беше закажано за 2020 година, но беше одложено делумно поради проблеми со падобрани потребни за безбедно допирање. Кина, исто така, планира да ја заврши својата вселенска станица, „Тиангонг“, и има наредено повеќе од 1.000 експерименти за неа, кои се движат од астрономско и набљудување на Земјата до ефектите на микрогравитацијата и космичкото зрачење врз растот на бактериите.
подготви: Марија Миткоска