ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Откриена програмата за прославата на 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора

January 10, 2022 13:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Бакингемската палата ја објави целосната програма со настани планирани за прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора – 70 години владеење на британскиот Престол.

Прославите ќе вклучуваат отворање за јавноста на приватните имоти на 95-годишната кралица, а некои од најголемите светски ѕвезди ќе настапат пред Бакингемската палата во Лондон. Се верува дека поголемиот дел од јубилејните должности најверојатно ќе бидат доделени на остатокот од кралското семејство, вклучително и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, војвотката од Корнвол.

Кралицата обично ја минува годишнината од нејзиното устоличување приватно во Сандрингем.

Официјалните прослави на јубилејот ќе почнат в понеделник, со натпревар во јадење пудинг во чест на кралицата. Потоа, со иницијативата „Зелена крошна“ на кралицата, ќе се засадат нови дрвја. Повеќето свечености ќе се одржат подоцна во годината.

Од 12 до 15 мај се очекуваат претстави на над 500 коњи со 1.000 изведувачи во замокот Виндзор, коишто публиката ќе ја потсетат на историјата од времето на Елизабета Прва до денес. На 2 јуни, првиот ден од специјалниот четиридневен државен празник, ќе се одржи роденденската поворка на кралицата, позната како „Trooping the Color“. Истиот ден, Велика Британија, Каналските Острови, Островот Мен и Британските прекуморски територии ќе се обединат во истовремено осветлување на светилникот на Бакингемската палата.

Луѓето ширум земјата ќе седнат заедно на голем јубилеен ручек во недела на 5 јуни – последниот ден од продолжениот празничен викенд. Сандрингам и Балморал исто така ќе бидат отворени за британските граѓани и посетителите во текот на долгиот викенд.

Учениците низ целата земја се поканети да направат колаж од нивните желби за планетата во следните 70 години, а некои од нивните илустрации ќе бидат истакнати на посебна прослава. Од јули во официјалните кралски резиденции ќе бидат поставени три изложби коишто ќе го одбележат доаѓањето на кралицата на Престолот, крунисувањето и годишнината.

извор: МИА

Next Post

Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk