РИБАРО
Христијан Мицкоски на брифинг со новинари на кој присуствуваше и екипата на АХА, најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара итна седница во Парламентот, на која ќе бидат поднесени интерпелации за сите нови министри што беа вчера предложени од страна на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Нема што да чекаме да бидат прво избрани министрите, нема што да се чека да почнат со работа, па потоа да видиме, има да го запукаме Ковачевски уште не избран. Интерпелација има да бараме и за Талат Џафери, што ни можат?!“, рече Мицкоски на краткиот брифинг.
– Како ќе се бара интерпелација за пратеник и претседател на Собрание и зошто не почекувате да се изгласаат министрите, па да почнат да работат, па потоа… нели вака би било смешен преседан?, праша АХА.
– А што? Нели видовте дека резултатите од локалните избори се во наша корист? Ма и на снегот од лани ќе му закачиме една интерпелација?!, одговори Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK