За да постигне импресивна сличност со вистинска личност, роботот има 17 мотори само во главата и користи комбинација на вештачка интелигенција и човечки оператор, кој од далечина ги контролира говорот и изразите на лицето.
Аmeca е името на хуманоидниот робот кој прави човечки изрази на лицето користејќи револуционерен напредок во вештачка интелигенција и моторно движење.
Роботот Ameca е развиен од британската компанија Engineered Arts и е создаден пред четири години. Привлече големо внимание на саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас, пишува Reuters.
Morgan Roe, директор за операции на компанијата, вели дека целта била да се направи робот што ќе изгледа колку што е можно повеќе како човек.
„Тоа беше нашата цел – да го направиме роботот што е можно поизразен“, изјави тој за Ројтерс во павилјонот на UK на CES-u.
„Прво гледаме што може да направи еден човек и ја користиме таа анимација, а потоа работиме наназад и прашуваме „Како можеме да го направиме тоа механички? Тоа не само што ја прави да изгледа како вистинска личност, туку и ја движи како една“.
17 мотори во главата на роботот
„Системот е хибрид. Имаме некоја вештачка интелигенција, но има човек кој зборува и слуша преку роботи. Тој човек може да биде каде било во светот“, рече Roe. „Но, ние мораме да го имаме тој систем како прв чекор.
„Тоа во основа e систем на камера што гледа она што го прави операторот, истото да го прави и роботот. Доколку човекот се смее, се смее и роботот “, додаде тој.
Roe вели дека е мала веројатноста да видиме нешто како Аmeca во домовите на луѓето во следните неколку децении како „робот за услуги“, но дека би можеле да ги видиме на јавниte места како што се хотелиte, трговскиte центри или на аеродромиte.
„Можете да влезете на аеродромот, не знаете каде одите, не можете да најдете некој да ви помогне, но Аmeca е тука, ќе отидете и ќе го прашате роботот“, објасни тој.
Креаторите на Ameca се надеваат дека во рок од две години ќе направат верзија на хуманоидот за пешачење.
Извор: Aljazeera Balkans
Подготви: Мартина Ацковска