ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Деновиве ќе се решава за изолацијата на асимптоматските случаи со Ковид-19, засега без одлука за датумот за старт на второто полугодие за учениците

January 12, 2022 08:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Фото: Fernando Zhiminaicela / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Наредните денови Комисијата за заразни болести ќе треба да донесе одлука за предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, кои се асимптоматски случаи.

Членовите на Комисијата на вчерашниот состанок ја разгледуваа и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука.

Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје. Омикрон сојот е откриен во 12 градови и тоа во Скопје, Охрид, Кочани, Тетово, Велес, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Виница, Неготино и Битола.

Согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51 процент е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27 проценти), 20-29(24 проценти) и 40-49(17 проценти). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2 процента). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години.

Според извештаите од болниците, на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела. Зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти. Според епидемиолошките анкети најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Се апелира граѓаните кои чувствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се изолираат за да спречат ширење на вирусот.Вчерашните податоци на Институтот за јавно здравство покажуваат дека бројот на активни случаи со КОВИД-19 во земјава изнесува 12.333. Вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата достигна 236.241. Според вчерашната статистика, од направени 7.724 тестови, регистрирани се 1.964 нови случаи со КОВИД-19. Од новодијагностицираните во Скопје се 1070, Битола 226, Прилеп 122, Куманово 52, Охрид 51… Починати се седум пациенти, сите во болнички услови.

Како што соопшти ресорното министерство, поради технички проблем во системот „Мој термин“, во текот на вчерашниот ден не се евидентирани оздравени лица. Тие ќе бидат прикажани во денешната информација.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 расте и во земјите од регионот. Така, во Србија вчера првпат е регистриран петцифрен број новозаразени со коронавирус или 13.693 од вкупно направени 37.402 тестирања, што е најголемата дневна бројка на инфоцорани од почетокот на епидемијата.

Највисока бројка на новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата бележат и Словенија со 5.163 инфицирани лица и Албанија со регистрирани 2.177 новозаразени со коронавирусот.

Здравствените власти во Грција очекуваат во следните две седмици да има голем број нови случаи и висока стапка на позитивност на Ковид-19. Во земјата доминантен е омикрон сојот. Со помош на тестовите за домашна употреба, задолжителни за учениците и просветните работници, за два дена во Грција беа откриени над 25.000 позитивни случаи.

Според Светската здравствена организација (СЗО), над половината од луѓето во Европа би можеле да бидат заразени со новиот сој на коронавирусот – омикрон. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk