ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Обезбедени се дополнителни количества електрична и топлинска енергија од АД ТЕТО

January 13, 2022 16:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

АД „ТЕТО“ ќе работи седум дена во неделата во период од 05 до 01 часот со полна моќност, а АД ЕСМ ќе го откупува вишокот на електрична енергија што компанијата нема да го продаде на слободниот пазар, за што утре ќе биде потпишан договор меѓу двете компании, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Ваквата одлука е донесена денеска на седница на Влада и ќе трае до крајот на месецот, но Владата има можност, доколку се укаже потреба, да ја продолжи бидејќи во земјава е прогласена кризна состојба во енергетиката. Согласно со уредбата за прогласување на кризна состојба, Владата е должна да носи мерки со кои сите капацитети за производство на електрична енергија може да ги стави на располагање на АД ЕСМ со цел да има непрекинато снабдување со електрична енергија.

– Цената по која АД ЕСМ ќе ја преземе дополнително произведената електрична енергија од производителот АД ТЕТО е 170 евра по мегават час и е производна цена на електрична енергија од комбинирана постројка за производство на електрична и топлинска енергија од природен гас со вкалкулирана продажна цена на природен гас во Република Северна Македонија за јануари 2022, изјави Бектеши.

Тој појасни дека во моментот, АД ТЕТО, согласно договорите што ги има со добавувачите, работи само од понеделник до петок со капацитет од 200 мегавати од вкупно инсталираните 227 мегавати, а во сабота и недела не работи воопшто.

– Со преземањето на електричната енергија од АД ТЕТО дополнително ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија БЕГ со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со топлинска енергија на потрошувачите во Град Скопје и во исто време при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија, рече Бектеши.

Од страна на БЕГ се уште нема официјален став околу понудата на Владата да ја покрие разликата меѓу цената на парното греење што ја одреди РКЕ и реалната цена.

– Согласно информациите, БЕГ не може да достави банкарска гаранција, а ние не можеме да даваме кредити во име на Владата без да бидат гарантирани средствата, рече Бектеши.

Инаку, како што информира министерот Бектеши, цените што ги понудил БЕГ се далеку повисоки од оние на берзата. Цената на БЕГ била 1480 долари за нормален метар кубик, а цените на берзата денеска се под 900 долари.

извор: МИА

Next Post

Дали алгите можат да помогнат во решавањето на светската „пластична криза“?

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

    Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk