ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Глобализацијата, дигитализацијата и структурните промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки

January 14, 2022 14:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панел дискусијата на „Еуромани“ што се одржа виртуелно, а на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа.

Гувернерката истакна дека во изминатата декада значително се зголемени одговорноста и задачите на централните банки, а пандемијата веројатно ќе предизвика и натамошни промени. 

– Кога зборуваме за преосмислување на улогата на централните банки во постпандемичниот период, треба да се земат предвид три фактори. Прво, постои неизвесност во однос на приспособувањето на побарувачката и понудата на среден рок и сега, повеќе од кога било, се бара од централните банки да ги следат изворите и структурните фактори коишто влијаат врз цените за да можат правилно и навремено да преземат мерки коишто ќе овозможат одржување на ценовната стабилност. Второ, несигурноста којашто  ја предизвикува корона-кризата за процесот на финансиска глобализација и меѓународната трговија, при намалување на вкупната размена на стоки и услуги заради кризата, може да биде предизвик особено за малите и трговски отворени економии. Затоа, ова бара внимателност од носителите на монетарната политика за влијанието на овој процес врз нивните економии и цели на монетарната политика. Трето, трендот на дигитализација, којшто беше значително засилен со кризата, може да има влијание врз продуктивноста, плаќањата, моделите на потрошувачка, како и начинот на мерење на цените, што исто така упатува на потреба од постојано следење и вклучување во анализите коишто ги спроведуваат централните банки, посочи гувернерката. 

Од Народната банка информираа дека по глобалната финансиска криза, покрај традиционалниот мандат на централните банки за ценовната стабилност, активностите биле насочени и кон одржување на финансиската стабилност. Покрај тоа, централните банки ги прошириле своите задолженија и со активности во доменот на заштитата на потрошувачите, финансиската едукација, финансиската инклузија, олеснувањето на процесот на финансиски иновации ‒ финтек-услуги, како и на зелената агенда поради влијанието на климатските промени на финансиската и ценовната стабилност. 

– Пандемијата несомнено ќе влијае врз натамошното обликување на улогата на централните банки. Во овој контекст, особено треба да се имаат предвид глобализацијата, дигитализацијата, како и другите структурни промени кај понудата и побарувачката, како резултат на корона-кризата. Структурните промени влијаат врз економијата и врз начинот на формирање на цените, а со тоа и врз начинот на спроведување на монетарната политика. Оттаму, за да ја остварат својата основна цел ‒ задржување на ценовната стабилност, централните банки во иднина ќе треба да ги земат предвид овие фактори во планирањето и спроведувањето на монетарната политика, велат од Народната банка. /MИА/, 

Next Post

Бомгартнер: Сакаме да бидеме корисни и да направиме сè за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk