ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не е точно дека првата одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии

January 14, 2022 08:33
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Димитар Ковачевски сè уште не е премиер, за да може да одлучува за јавни набавки на Владата. Ковачевски мандатот за состав на Владата го доби на 30.12.2021 година, а собраниската седница за избор на нова влада е закажана за 15.01.2022 година.

На 12.01.2022 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја одлуката на Владата да распише јавна набавка за нов прибор за угостителство, соопшти невистина. До медиумите, а и на сајтот на партијата, објавено е соопштение со следниов наслов:

Прва одлука на Ковачевски, набавка на златни чинии за јадење, набавка вредна 140 месечни плати.

[Извор:ВМРО-ДПМНЕ, Датум: 12.01.2022 година]

Aнализира Вистиномер.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Службата за општи и заеднички работи врши јавна набавка на потрошен кујнски материјал за потребите на сите државни институции, вклучително Претседателот на државата, Собранието и владините институции, како и за сите посети на странски делегации во Република Северна Македонија, објави порталот ММС.

Три фирми го добиле договорот вреден над 37.000 евра. Тие до владината сужба треба да достават висококвалитетна бела техника – софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна, но и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна. Огласите за јавните набавки се објавени на 24.12.2021 година.

Според ВМРО-ДПМНЕ, одлуката за набавка на нов кујни прибор била „прва одлука“ на Ковачевски што е „нон сенс“. Имено, Димитар Ковачевски сè уште не е премиер, за да може да одлучува за јавни набавки на Владата. Ковачевски мандатот за состав на Владата го доби на 30.12.2021 година, а собраниската седница за избор на нова влада е закажана за 15.01.2022 година.

Дополнителна манипулација во ова соопштение, односно премолчена дезинформација, е фактот што сите електрични и плински апарати и други предмети, наведени во набавката, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ не се спомнуваат, а сè со цел јавноста да добие погрешен впечаток дека вкупниот износ од 37 илјади евра е потрошен само за чинии и прибор за јадење (ножеви, вилушки, итн.). Со дезинформирањето се продолжува и преку реченицата во која се вели дека „Ковачевски набавува луксузен прибор за јадење, кој чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија.“ Покрај тоа што набавката нема врска со Ковачевски, како што видовме погоре, не е точно ни дека „приборот за јадење чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија.“ Цената на приборот за јадење е многу помала од 140 месечни плати затоа што во износот од 37.000 евра има и редица електрични и плински апарати, како и други предмети. Сите тие заедно, сосе приборот за јадење може да се каже дека чинат колку 140 работнички плати. Но, тоа не е точно и претставува дезинформација кога се спомнува само приборот за јадење.

Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за јавната набавка за нов угостителски прибор, рече дека откако ќе биде избран за премиер, ќе ја провери и доколку е во обем и постапка која е несоодветна, ќе ја поништи.

Јас немам детали за таа набавка, бидејќи сè уште не сум на премиерската позиција во Владата којашто може да има увид во таков вид на јавни набавки. Меѓутоа откако ќе станам претседател на Владата ќе се информирам за таа набавка којашто беше предмет на интерес на јавноста, доколку јавната набавка е во обем и во постапка којашто не е соодветна на очекувањата, јас таа одлука ќе ја поништам, рече претседателот на СДСМ Ковачевски.

Оттука, тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека „прва одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии за јадење, набавка вредна 140 месечни плати“ е невистинито.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно поскапува дизелот

June 20, 2025

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

June 20, 2025
Фото: Pexels од Pixabay

„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk