ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Абдракхманов: Нашата земја е пример за функционална мултиетничка демократија

January 18, 2022 14:41
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска, оствари средба со Каират Абдракхманов, Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, известуваат собраниските служби.

Претседателот Џафери му честиташе на соговорникот за неговото назначување на оваа значајна позиција во ОБСЕ. Тој искажа благодарност до сите претходни Високи комесари за национални малцинства на ОБСЕ, за целата поддршка што нашата земја ја добива во изминатите години во големите напори за подобрување на меѓуетничките односи и промовирање на поголема свесност за интегрирање на малцинствата во општеството. Го информираше гостинот дека Република Северна Македонија, како следен претседавач со ОБСЕ во 2023 година, има визија да промовира приоритети од заеднички интерес на сите земји членки на ОБСЕ и да ги вгради главните принципи и заложби на ОБСЕ, вклучително и принципите за унапредување на човековите и малцинските права.

Високиот комесар за национални малцинства, Абдракхманов, истакна дека високо се цени соработката на државните институции, академската заедница и невладиниот сектор во земјата со сите тела на ОБСЕ. Тој истакна дека стои на располагање за логистичка и административна поддршка и помош во текот на нашето претседавање со ОБСЕ и укажа дека се залага за зајакнување на социјалната кохезија и мултиетничкиот соживот во Република Северна Македонија. Покажа посебен интерес за примена на Бадинтеровиот принцип на гласање во Собранието, како и за концептот „едно општество за сите“, за што Претседателот Џафери опширно образложи.

Двајцата соговорници се согласија дека, Република Северна Македонија се издвојува како позитивен пример и референца за целиот регион и пошироко. Нашата земја е пример за функционална мултиетничка демократија, во склад со вредностите и заложбите на ОБСЕ, која се стреми да биде активен придонесувач во надворешната политика на ОБСЕ и во други мултилатерални форуми.

Next Post

Владата најостро ги демантира тенденциозните невистини за наводно отстапување од протоколот за изведување химни

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk