ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петков: Во Договорот за добрососедство имаме многу јасна дефиниција за јазикот

January 18, 2022 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Договорот за добрососедство имаме многу јасна дефиниција за јазикот и тезата за јазикот, како и во дел од другите документи кои се потпишани. Бугарија прва ја призна независноста на Северна Македонија и истовремено, со тоа, ние апсолутно го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија како и користењето на сите ваши јазици, како што се дефинирани со Уставот. Имаме полно почитување на тоа и ќе продолжиме во најконструктивен дух да ги третираме овие прашња, изјави денеска во Скопје бугарскиот премиер Кирил Петков, одговарајќи на новинарско прашања да ги именува јазикот и народот во државата во која се наоѓа.

Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Скопје, Петков, рече дека фокусот бил на заедничката работа и точниот календар за следните неколку месеци, посочувајќи дека е голем оптимист и дека во многу брзо време ќе имаме резултати.

Тоа што го постигнавме на нашата прва средба, посочи Петков, јасно покажува дека сите од двете страни решивме добрососедството да има поинаква дефиниција од тоа што било досега.

– Од тука, па натаму, тоа ќе биде новиот конструктивен дијалог. Ставаме акцент на сите работи кои се заеднички и кои имаат можности за збогатување на нашите односи и заедно со нив самите работни групи ќе стават акцент на специфичните прашања кои ќе треба да ги решиме, изјави Петков.

Во однос на работните групи и тоа што е досега постигнато, Петков рече дека за разлика од досегашниот пристап, сега на неделни средби ќе се разговара за реалните можности на сите комисии, вклучително и на историската Комисија.

– Врз база на тоа што и Димитар го кажа, дека ќе се фокусираме на работите кои не зближуваат, а прашањата кои не се разјаснети ќе им дадеме и подолг рок тоа да се случи. Но, важно е да се работи, да се среќаваме и да бидеме во постојана комуникација, изјави Петков.

Тој исто така изрази надеж дека сега, откако историската комисија е една од петте комисии, тие ќе бидат во една многу поинаква средина – во средина на добар дијалог и конструктивна активност.

Прашан дали пред македонската страна биле поставени и други услови од бугарската рамковна позиција, меѓу кои рехабилитација на жртвите на комунизмот, кои биле гонети поради бугарската самосмест и оштетувањето на табли и натписи, Петков рече дека било разговарано за сите прашања, но дека тоа што е важно, е дека и двајцата разбираат дека овие специфични прашања треба да бидат решени.

– Да, ќе работиме на нив како дел од заедничката работа, но ќе бидат во сосема различна димензија кога се ставени и во контекст на сите други работни групи. Одогворот е да, но фокусот од тука натаму треба да биде зошто е толку важно нашите две држави да го имаат тоа добрососедство, а не само да се фокусираме на проблемите што треба да бидат решени, но тоа е сосема друг пристап, истакна Петков.

извор: МИА

Next Post

Ангелов: Можно е заезерување на дел од Вардар, но нема опасност од поплави

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk