ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Назарбаев негира дека го напуштил Казахстан по тензиите во земјата

January 19, 2022 09:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Влијателниот поранешен лидер на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, денеска ги негираше наводите дека побегнал од земјата поради тензиите со претседателот Касим-Жомарт Токаев.

Назарбаев, кој го водеше Казахстан цели 29 години, денеска издаде куса изјава за смртоносните немири што овој месец ја погодија поранешната советска република.

Во своето прво јавно обраќање во врска со протестите, што прераснаа во немири и крвопролевање, 81-годишниот Назарбаев, исто така, ги негираше тензиите меѓу него и Токаев, кого тој лично го избра за свој наследник. Поединци дури шпекулираа дека конфликтот меѓу двајцата може да има улога во поттикнувањето на немирите.

Протестите почнаа на 2 јануари во мал град во западен Казахстан поради наглото зголемување на цените на горивото, но брзо се проширија низ целата земја и прераснаа во демонстрации против авторитарната влада, проследени со немири во кои загинаа повеќе од 220 луѓе.

Токаев се обиде да ги смири тензиите со ограничување на цената на горивото за шест месеци и смената на Назарбаев од  позицијата претседател на Советот за национална безбедност, влијателна функција што ја имаше откако поднесе оставка од позицијата шеф на државата во 2019 година. Некои овој потег го видоа како обид да се стави крај на влијанието на поранешниот лидер, кој ги подгреа тензиите меѓу владејачката елита и дополнително поттикна немири.

Назарбаев, по чие име е именуван и главниот град на Казахстан, денеска ги отфрли тие тврдења.

-Нема конфликт во владејачката елита во земјата. Гласините во таа насока се целосно неосновани, рече Назарбаев.

Казахстанските власти соопштија дека во немирите загинале 227 лица, меѓу кои 19 полицајци и војници. Повеќе од 4.300 луѓе беа повредени, а илјадници се уапсени. /MИА/.

Next Post

Пендаровски: Со смирение и молитва, солидарни и грижливи, да се издигнеме над сите неволји и проблеми

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk