ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Демоктратски сојуз: Неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за политичка дискредитација

January 21, 2022 14:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократскиот сојуз на денешната прес конференција ги презентираше фактите во врска со обвинувањата од страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, мегу другото нагласи:

‘’На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, изнесени се дрски лаги и конструкции во врска со работењето на претпријатието „Градски паркинг“ под раководство на Борче Јакимовски, кадар на Демократскиот сојуз.

Повеќе од еден месец, Демократскиот сојуз и други партии од владејачката коалиција се предмет на неосновани напади од Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ. Демократскиот сојуз ги демантира и со индигнација ги отфрла сите напади, дека на било кој начин, било кој од Демократскиот сојуз, кој извршува функција, е вклучен во криминал. Овие напади од ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме како обид за уцена да не бидеме и натаму дел од парламентарното мнозинство.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ најмалку можат да напаѓаат, паушално и неосновано, од Белата зграда, градена со капитал стекнат на криминален начин. Тие се партија против чие раководство се водат голем број кривични постапки, а поранешни највисоки државни функционери се осудени на правосилни казни затвор за тешки облици на криминал и корупција.

Досега никој не добил гратис карта за паркирање, ниту пак за бесплатно паркирање. Списоци нема, тие се конструкции и фалсификати на актуелниот директор, за што ќе следи кривична тужба. Претпријатието работи согласно законите и одлуките на градоначалникот и Советот на Град Скопје.

Инаку, „ЈП Градски Паркинг“ работи на пазарни основи при што над 270 вработени секојдневно ги извршуваат своите работни задачи. Претпријатието 2021 година ја заврши со вишок на средства од над 27 милиони денари, доволни за исплата на четири плати на вработените.

Нема донации и субвенции ниту од градот ниту од Владата, парите за кои Советот на градот донесе одлука да му се дадат на претпријатието, се компензација на комуналната такса во износ од 10 отсто. Имено, ако се наплаќа паркинг билет по цена од 30 денари, 18 отсто одат за ДДВ, а 10 отсто за комунална такса или 3 денари, кои одат во Градот, а потоа Градот му ги враќа на претпријатието за да се задржат пониски цени за паркирање. Тоа е така секоја година.

Плаќањето на комуналната такса во износ од 33 милиони денари за минатата година е одложено од претходниот директор бидејќи сме во КОВИД криза, каде што има намалено паркирање, како и можноста да се воведат дополнителни рестриктивни мерки и сл. при што прометот ќе се сведе на минимум. Од таа причина директорот Јакимовски овие средства ги има оставено на залиха за нормално сервисирање на претпријатието, за исплата на плати, комунални трошоци и даноци кон државата.

Борче Јакимовски е еден од најчесните и најдобрите менаџери, кој успешно го водеше претпријатието 12 години, без било каква дамка. Отворени сме за било каква контрола на работењето на директорот Борче Јакимовски.

Сакаме да им порачаме на ВМРО-ДПМНЕ, дека не сме сите исти. Има и чесни директори, министри и политичари.’’

Next Post

Поштенска марка, ФДЦ и масовен коверт и максимум карта по повод роденденот на Тоше Проески

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk