ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лирман за ДВ: ЕУ и Бугарија треба да си го одржат ветувањето кон Северна Македонија

Државната министерка во германското МНР, Ана Лирман ги поздравува позитивните сигнали од првата средба на македонскиот и бугарскиот премиер во Скопје. Се надева дека Скопје наскоро ќе ги почне преговорите

January 21, 2022 09:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сигналите од средбата на македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Кирил Петков во Скопје се многу позитивни и охрабрувачки, оценува во интервју за Дојче Веле, државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман. Германската дипломатка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски претставник кој се сретна со новиот премиер Ковачевски и со повеќе владини претставници.

„Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат.  И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер (на С. Македонија, н.з.) и тоа покажува колку се добри односите меѓу С. Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо“, вели Лирман во интервју за Дојче веле.

Позитивни сигнали 

Првичните сигнали, според неа, се позитивни.

„Важно е што започнаа разговорите со Бугарија, и тоа што се одвиваат во билатерален формат. И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ.”

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков

На прашањето да ги коментира критиките кон бугарскиот премиер Петков по враќањето во Софија, и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман вели дека процесот треба да остане билатерален, но и дека интересот на новата бугарска влада треба да биде фокус на домашните приоритети.

„Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Северна Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите“, вели Лирман.

Лирман, која дојде на функцијата по формирањето на новата германска влада во декември минатата година, вели во интервју за Дојче веле дека не случајно ги одбрала Скопје и Тирана како адреси за нејзиното прво патување во странство, а целта била да се покаже посветеноста на германската влада на европската перспектива на земјите од регионот.

Next Post
Jeff Koterba

Д-р Путинштајн

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk