ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕСМ ги потпиша договорите со БЕГ, објавени детали

January 22, 2022 14:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

АД ЕСМ ги потпиша договорите за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти на Балкан Енерџи (Производство, Дистрибуција и Снабдување). Од компанијата соопштија детали од потпишаните договори.

Договорот предвидува влегување на АД ЕСМ во раководењето на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје преку назначување прокуристи, лица вработени во АД ЕСМ, чиј потпис ќе биде врзан со потписот на управителите на друштвото Балкан енерџи. Сите одлуки, договори и плаќања ќе се реализираат со два потписи, односно без согласност на прокуристот од АД ЕСМ, Балкан енерџи нема да смее да врши исплати и да склучува договори.

Од АД ЕСМ информираат дека средствата што ќе ги добијат од Владата за справување со кризата со снабдување на топлинска енергија, ќе се уплатуваат повремено, во потребни износи, на посебна наменска сметка која Балкан енерџи ќе ја отвори и од која исплатите ќе се вршат со врзан потпис.

– Средствата од шест милиони евра кои наменски се одредени од Владата за справување со кризата со топлинска енергија, ќе бидат искористени за набавка на гас за производство на топлинска енергија во Балкан енерџи, за набавка на топлинската енергија што се презема од производителот ТЕ-ТО и за други трошоци исклучиво поврзани со производниот процес, велат од АД ЕСМ.

„Балкан енерџи“ секојдневно ќе ги префрла на наменската сметка и сите свои приливи кои пристигаат на другите нивни сметки, а додека трае договорот за деловно-техничка соработка, ќе ги врши исплатите кон трети лица исклучиво преку наменската сметка и врзан потпис од прокуристот од АД ЕСМ.

– Балкан енерџи гарантира за вложените средства добиени од страна на државата, со меница потпишана од основачот на Балкан енерџи. Враќањето на средствата кон АД ЕСМ ќе се реализира во 2023 година, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за определување на трошоците за грејната сезона, наведува АД ЕСМ во соопштението испратено до јавноста.

АД ЕСМ ќе поднесува месечни финансиски извештаи до Владата за потрошените средства наменети за справување со кризата со топлинска енергија и извештаи за комплетното работење на привременото управување.

Од АД ЕСМ појаснуваат дека Владата ја задолжила оваа енергетска компанија да ја преземе обврската за кризно менаџирање со снабдувањето со парно греење во Скопје затоа што станува збор за најголема државна енергетска компанија и преку неа може да се управува со средства од државниот буџет. Исто така компанијата поседува и свој систем за снабдување со топлинска енергија на еден дел од Скопје и располага со ресурси и кадри за да го преземе менаџирањето на целокупното снабдување на градот.

– Целта на воведувањето на кризното менаџирање со снабдувањето со топлинска енергија е да се овозможи парно греење до крајот на грејната сезона, со оглед на тоа што снабдувачите се изјаснија дека немаат средства за набавка на гас за призводство на топлина по екстремниот скок на цената на гасот. Влегувањето на АД ЕСМ и на државата во снабдувањето со гас овозможи да се спречи дополнителено продлабочување на кризата со снабдување и со електрична енергија, со оглед на тоа што во недостиг на парно греење граѓаните би се префрлиле на греење на струја, а со тоа би дошло до енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија, наведуваат од АД ЕСМ. /МИА/

Next Post

Во продажба „Greatest Hits Collection“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk