ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Кризниот штаб во понеделник ќе одлучува за пократка изолација на ковид-позитивните, рано е за укинување на сертификатите

January 22, 2022 08:32
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица позитивни на Ковид-19 ќе се намали од десет на седум дена. Иако новиот Омикрон сојот се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека болниците во земјава уште имаат капацитет за исполнување. Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата.

Препораката за скратување на изолацијата доаѓа по вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Беким Сали изјави дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Инаку, болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември“. Сепак, министерот за здравство посочи дека се преземаат мерки за подготвеност и за во текот на идната недела.

Во однос на задолжителното покажување на ковид сертификати, министерот за здравство потенцираше дека уште е рано да се зборува за нивно укинување, затоа што нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помало во однос на другите земји.

Продолжува и апелот за вакцинација, бидејќи според министерот, досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана.

Целта е, вели Сали, да се постигнат барањата кои веќе се исполнуваат во други држави, а се релевантни барања и на почитувани професори или лица кои даваат јавни изјави и повици.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во моментов во ковид-центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти.

Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови. Според дневната евиденција, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од Ковид-19.

-Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 2.071 нов случај на КОВИД-19 од направени 6.010 тестови. Оздравеми се 1.450 пациенти, а починале 11 лица.

Досега во земјава се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 252.947. Бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177. Има 19.714 активни случаи.

Next Post

Новиот импулс по посетата на бугарскиот премиер е добар знак за почетокот на преговори со ЕУ, Брисел и Берлин очекуваат резултати

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk