Пејачот Аки Рахимовски од популарната група „Парни Ваљак“ почина денеска на 67-годишна возраст, потврдил неговиот менаџер Дамир Осредечки.
„Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денеска, 22.01.2022 год. Аки Рахимовски засекогаш заспа.“, стои во објавија на официјалната Фејсбук страница од „Парни Ваљак“.
Причините за смртта се сè уште непознати.
Александар Аки Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.
Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.