ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница (ВИДЕО и ФОТО)

January 23, 2022 14:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Премиерот Ковачевски во посета на на „Дура Аутомотив Системс“. На ручек во работничката менза

Премиерот Ковачевски во посета на на „Дура Аутомотив Системс“. На ручек во работничката менза

Share on FacebookShare on Twitter

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден“. Вработените на оваа компанија, која заради сложениот производствен процес мора да работи и во недела, добиваат дополнителни 50% од основната дневница. Со тоа просечната плата на оние вработени кои работат во недела во оваа компанија порасна“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната посета на фабриката „Дура“, лоцирана во ТИРЗ 2 зоната, информираат владините служни.

Премиерот Ковачевски заедно со менаџментот на компанијата, министерската за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска, денешната посета ја искористија и како можност за  разговор со дел од работниците кои изразија задоволство од новиот закон.


„Трудот на работниците мора соодветно да се вреднува и почитува.  Овој закон има многу позитивен ефект врз економијата, тој ги стимулира работниците и позитивно влијае на нивната продуктивност што е во интерес и на самите компании. Законот недела неработен ден ќе даде одлични резултати во зголемување на продуктивноста на компаниите и унапредување на стопанството. Во оваа прилика би сакал да им честитам на раководството на „Дура“ кои покрај  двете фабрики, планираат и нова трета инвестиција во фабрика, инвестиција од над 20 милиони евра. Висината на инвестицијата во двете фабрики каде има 680 вработени е речиси 70 милиони евра. Она што е важно е дека просечната нето-плата во оваа компанија е над 600 евра и истата има тенденција за натамошен раст. Клучот за успешна стратегија во делот на странските инвестиции е обезбедување одржливост и развој на инвестициите, но и натпросечни плати со што се подобрува квалитетот на животот и примањата на граѓаните“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посака успешна работа за компанијата која има над 100 годишна историја во автомобилската индустрија.

 

 

Next Post

КРИК: Телефоните на Беливук полицијата една година ги чувала во фиока

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk