ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неделава ќе се знае дали изолацијата за ковид позитивните ќе биде скратена од десет на седум дена

January 24, 2022 07:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на неделава се очекува да биде познато дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница.

Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека во следниот период ќе се следи состојбата со новозаразените и соодветно на тоа ќе се носат препораки и одлуки. Засега, според неговата изјава, болничките капацитети не се целосно исполнети и далеку сме од потребата одредена клиника да се пренамени во ковид центар.

Ковид сертификатите, кои некои земји веќе најавија дека ќе ги укинат, засега остануваат во државава. Според министерот, се уште е рано да се зборува за укинување на овие сертификати затоа што нивото на вакцинација кај населението во земјава е многу помало во однос на другите држави.

Бројките за новозаболени во земјава покажуваат дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.424  случаи од направени 5.604 тестирања. Од вкупниот број позитивни се регистрирани 214 реинфекции.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа се регистрирани 1.083 оздравени пациенти и 15 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

Соседна Грција за уште две седмици ги продолжи актуелните правила за влез во државата што значи дека и понатаму е потребен негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето за сите патници независно дали се вакцинирани или не. Новата одлука ќе важи до 7 февруари. Нема промени и во однос на невакцинираните патници од 16 земји меѓу кои и од Северна Македонија, кои освен негативен тест пред патувањето, потребно ќе биде да добијат и негативен тест на самата граница при задолжителното тестирање од грчките власти./MИА/.

Next Post

Ковачевски и владин тим во официјална посета на Софија, утре заедничка седница на двете влади

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk