Владата предводена од СДСМ оставри уште едно ветување дадено пред граѓаните. Од први јануари недела е ден за неделен одмор за 92 отсто од работниците, велат од СДСМ.
– Остантите осум отсто кои работат во недела добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница. Со ова законско решение се унапредуваат работничките права и се обезбедуваат повисоки дневници и плати за работниците. Владата предводена од СДСМ останува посветена на јакнење на економскиот стандард на сите граѓани, платите и пензиите растат а следува и ново зголемување на минималната плата.