ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Заложбата на Владата е минималната плата да се зголеми на 18.000 денари

January 24, 2022 20:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска попладнево се сретна со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски. Тема на денешната средба, која се оствари на покана на министерката Тренчевска,  беше разговорот за владиното ветување за покачување на минималната плата. Министерката  посочи дека Владата останува посветена на заложбата за зголемување на минималната плата.

 

Таа информираше дека социјалниот дијалог со сите засегнати страни во општеството, претставници на работодавачите и работниците продолжува.  Целта е изнаоѓање на најодржливо решение за сите отворени прашања.

 

„Заложбата на Владата е зголемување на минималната плата на 18.000 денари што е можно побрзо во текот на оваа година. Порастот на минималната плата ќе продолжи во текот на целиот мандат и до крајот ќе изнесува 20.000 денари. Ние како Влада и како министерство постојано работиме на унапредување на работничкиот статус. Го цениме трудот на работниците особено во услови на светска економска и здравствена криза и токму затоа согледувајќи ја економската состојбата на граѓаните, покачувањето на минималната плата е и повеќе од потребно.  Затоа мора да има такво покачување, особено ако се знае дека тие предизвикуваат и спирално зголемување на сите плати и во приватниот и во јавниот сектор“, рече Тренчевска.

 

На средбата стана збор и за правото на регрес за годишен одмор – К15 за работниците при што беше истакната целта на Владата, тие да имаат исти права.  Тренчевска посочи дека Владата е отворена и подготвена на дијалог преку кој ќе се дојде до најсоодветното решение.

 

Министерката истакна дека закажаната средба со владините претставници и Сојузот на синдикати е одложена поради физичкото отсуство на владините функционери, заради одржување на меѓувладина седница во Софија, Р.Бугарија. Како и дека средбата е предвидена да се одржи на 31 јануари.

Next Post

Бочварски: Во 2023 ќе имаме комплетно реконструиран патен Коридор 8

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk