ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Солидарноста и взаемната поддршка е зајакнување на пријателството меѓу народите на Северна Македонија и Бугарија

January 25, 2022 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, на покана на премиерот на Бугарија Кирил Петков, на маргините на заедничката седница на двете влади, присуствуваше на манифестацијата на доделување на наградата „Достојни Бугари“ која традиционално секоја година им се доделува на повеќемина бугарски граѓани кои оствариле големи остварувања и хумани дела за својот народ и за својата земја, известуваат владините служби.

Премиерот Петков ова високо признание им го врачи на бугарските спортистки носители на златен медал на последните Олимписки игри во Токио, како и две деца што собирале средства за нивната болна мајка со продажба на лимонада на свој штанд.

Премиерот Ковачевски наградата „Достојни Бугари“ му ја врачи на пожарникарот Давид Галабов, како еден од добитниците на признанието, кој не го штедел сопствениот живот за да ги спаси животите на две мали бебиња од огнената стихија.

„Пожарникарот Галабов по втор пат ја добива оваа награда, а првиот пат ја добил заедно со своите колеги заради пожртвуваното учество во справувањето со поплавите од 2016 година во мојата земја, во Северна Македонија“, истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски изјави дека граѓаните на Северна Македонија никогаш нема да ја заборават подадената рака на Бугарија и тогаш во 2016 година, но и лани кога нашата земја беше зафатена од големи пожари, за кои меѓу првите, помошта дојде од нашите соседи. Пријателска Бугарија и нејзините медицински и здравствени работници покажаа исклучителна професионалност и во случајот на сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ кога 47 наши сограѓани го загубија животот во стравичната трагедија.

„Ние никогаш нема да го заборавиме сочувството и помошта која тогаш беше пружена“, истакна премиерот Ковачевски на церемонијата на врачувањето на наградата.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски им честиташе на пожарникарот Галабов, и на сите добитниците на наградата и испрати порака на охрабрување за солидарност и помош како обврска да вратиме со добро кон заедницата.

Next Post

Полска почна да гради нов ѕид на границата со Белорусија

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk