ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУК: Ризична зона на Матка, граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег

January 26, 2022 16:56
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег од речното (езерското) корито на Матка. Зоната е ризична и ќе биде обележана, но ќе се ограничи и движењето, соопшти Ценарот за управување со кризи (ЦУК).

Ова е и еден од заклучоците донесени на денешниот работен состанок на ЦУК што се одржа под раководство на директорот Стојанче Ангелов, со претставници на институции, експерти и научни работници од државата, како и со претставници на дел од субјектите на Системот за управување со кризи.

 

На состанокот беше констатирано дека состојбата со карпата на Матка на долг рок е неодржлива. Карпата има гранична стабилност поради што е потребно преземање мерки и активности за превенција и намалување на опасноста. Можно е евентуално паѓање (одрон на карпата) или излевање и ударен бран од водата.

ЦУК соопшти дека официјално ќе иницира изготвување проектна програма на дејствување.

-На работниот состанок беа донесени заклучоци за обврските што е потребно да се преземат за превенција. Тоа се заклучоци во насока на генерални чекори синхронизирани од повеќе институции во државата, а поттикнати и глобално координирани од ЦУК: прво – проектна програма за дејствување; второ – изработка на техничка документација, проект за санација на проблемот и на крајот, како трето – јавна набавка за избор на изведувач на работите за санација на опасната карпа. Во насока за превенција ќе бидат донесени мерки од надлежните за ограничување на движењето во зоната на опасност што не би го попречило работењето на фирмите  во околината и движењето на туристите надвор од зоната на ризик, информира ЦУК.

 

Покрај тимот на ЦУК, на состанокот присуствуваа претставници од Државен инспекторат за животна средина, Градежниот факултет, Градежниот институт, Геолошкиот завод, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, како и претставник од Комисијата за води и брани при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Next Post

Второто полугодие да почне со физичко присуство, препорача Комисијата за заразни болести

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk