ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Протест што оправдува агресија врз суверена земја

January 26, 2022 15:51
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, СВЕТ
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Share on FacebookShare on Twitter

Мала група граѓани минатата недела протестираше пред амбасадата на Украина со класична замена на тези  – жртвата на агресијата од страна на „поголемиот брат“ да се прогласи за оправдана цел и сето тоа да биде завиено во некаква измислена идеолошка обланда, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Има ли оправдување за анексијата на дел од една суверена земја, како што практично се случи со окупацијата на полуостровот Крим од страна на Русија? Има ли оправдување за поддршката за постоење на паравоени единици во дел на една суверена земја, како што е регионот Донбас каде државата Украина подолго време нема суверена власт?

Ако ја прашате онаа мала група граѓани кои протестираа пред зградата на амбасадата на Република Украина во Скопје, тие секако ќе најдат оправдување. Собирот под наслов „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“ се обиде да привлече внимание со еден говор и неколку пароли, очевидно изработени на едно место и со грижливо одбрани „содржини“.  Покрај името на протестот што беше испишано на транспарент – „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“, учесниците држеа и плакати со натписи: „Против праќањето на нашите деца да војуваат за вас“,  „Нацистите немаат место во ЕУ“, па и она „Борете се сами против Русија. 

Што зборуваат фактите, оние најобичните и разбирливи и за мали деца?

Прво, дека Русија во 2014 година војнички и административно ја зазеде територијата на полуостровот Крим, што беше составен дел на Украина. Имаше ли некаква идеолошка обланда во тој чин? Не, едноставно користејќи ја својата огромна воена надмоќ, клештите на руската армија се затворија над полуостровот. Имаше меѓународни реакции, а оправдувањето беше во тоа дека некогашниот советски лидер Никита Хрушчов (Украинец по народност) ја „подарил“ на Украина, па тие „сега си ја враќаат“. Историјата кажува дека Крим бил населен со население од татарско потекло, кои после Втората светска војна се раселени по Сибир.

Нема никакво оправдување, макар и вака провизорно кога се работи за практично отцепениот дел од Киев (Донбас) само затоа што таму живеат Руси кои сакаат да се припојат со „матицата“. Во април ќе се наполнат осум години откако на еден голем дел од Украина (според проценки на САД и Украина) се стационирани 40 до 45 илјади борци, меѓу 9.000 и 12.000 регуларни војници на Русија, потоа меѓу  3.000 и 4.000 руски доброволци и локални жители под оружје кои се спротивставуваат на украинските власти. Тоа е огромна војска и практично со неа се „заверува“ окупација на територија на суверена држава. Во пресметките на украинска страна загинале  околу 4.700 војници, а ранети се 10.000 војници, додека на спротивната страна (сепаратистите) имало над 5.700 убиени и меѓу 12.700 и 13.700 ранети. Дури 1,4 милиони Украинци побегнале во слободниот дел на државата, а близу еден милион заминале надвор од границите на својата татковина! За уништените домови, разорена економија  и другите штети да не говориме!

Нема никакво алиби со кое ќе се оправда стореното во конфликтот. Посебно што досега видените воени дејствија Русија секој час може да ги продолжи во поголем обем и тоа дотолку што може едноставно да ја збрише од картата својата наводно братска земја.

И од паролите на онаа ситна група наши граѓани пред украинската амбасада во Скопје, очевидно е дека постои прибегнување кон нешто што е анахроно само по себе. Споменувањето на фашизмот денес и неговото врзување за имињата на народните предавници Степан Бандера и Роман Шухевич, кои се бореле на страна на нацистите во Втората светска војна, е целосно тенденциозно и нема никаква логика. Има голем број предавници кај секој народ во време на Втората светска војна! Зарем некој треба да ја нападне Норвешка заради тоа што таму живеел познатиот квинслинг? Или да ја нападне Србија заради Дража Михајлолвиќ и Милан Недиќ, познати предавници и колаборационисти со нацистите? Да не говориме за постоењето на НДХ на чело со Анте Павелиќ… Но, хрватскиот народ поднесе големи жртва во антифашистичката борба (само во Сплит и околината загинале во редовите на партизаните 40 илјади борци!).

Ова го споменуваме заради фактот дека и народот на Украина дал огромни жртви во Втората светска војна (постоела општа мобилизација), земјата е комплетно опожарена и уништена, бидејќи токму на нејзина територија се водени крвавите борби од 1941 – 1944 година! Во Татковинската војна постоеле пет украински фронтови (со редни броеви 1,2,3….), а вкупните загуби се проценуваат на 22 милиони лица. Јасно е дека сразмерно на населението, просторот и воените активности бројот на загинатите Украинци во антифашистичката борба е огромен.

Оттаму, обвинувањата  искажани на протестот од говорникот Владимир Трајковски се конструкција која навредува пријателски народ и тука несомнено има место и за јавниот обвинител. Настрана што овој говорник прави и голем временски скок и тоа воопштување од пред 80 години го пренесува и денес, без да даде никаков доказ за „фашизмот“ кој би заслужил актуелен третман. Уште е понеразумно да се говори за државна политика на „глорификација на фашизмот“! Тоа ли треба да биде покритие за Русија со својата воена машинерија да ја нападне и заземе (или попрецизно – додаде) Украина?

Повозрасните читатели, пак, во оваа мала и во основа безначајна група веројатно гледаат и репрезенти на т.н. теорија на ограничен суверенитет, која настана во време на ладната војна во СССР и која служеше како изговор за влез на тенковите во Унгарија (1956) или Чехословачка (1948 г.). Па, и денес руското раководство сонува за тие времиња кога воената моќ не ги познава само сопствените државни граници. Впрочем, и жителите на некогашна Југославија со децении ја чувствуваа сенката на таа теорија во своето секојдневие, пишува „Вистиномер“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk