На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Изречени се пет мерки за возач почетник, три санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за прекршоци од пешаци.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.