ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски најави посета на Бугарија, со Радев ќе придонесат за надминување на спорот

January 27, 2022 11:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска најави дека за не повеќе од еден месец ќе оди во официјална посета на Бугарија. Тоа го договара со својот бугарски колега Румен Радев, а целта е двајцата да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји.

Пендаровски на тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“, повтори дека стартот на новата фаза од билатералните односи е одличен, но далеку сме се уште, како што напомена, од подлабоко навлегување во процесот на решавање на проблемот и негово евентуално позитивно завршување.

-Ќе се обидам многу наскоро да дадам и личен придонес во процесот зашто мислам дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде контрибуција. За не повеќе од месец, планираме, договараме со мојот колега Радев официјална посета на Бугарија. Мојот став е дека двајцата претседатели мора да дадат позитивен придонес за успешно завршување на овој процес зашто тоа е стратегиски интерес на двете држави. Убеден сум дека Радев го дели моето мислење, истакна Пендаровски.

Тој ја поздрави и новата методологија, подвлекувајќи дека сепак, се уште сме во иницијална фаза во која двете страни искажуваат добри желби како би сакале да се одвива процесот.

-Мислам дека станува збор за одличен почеток на оваа нова фаза од нашите билатерални односи. Има две нови влади, двајца нови премиери кои не доаѓаат од старата школа, се слуша нова реторика, се чувствува нова енергија, а има и нова методологија – нови работни групи, комисии, наместо лисабонските предлози. Но, морам кристално јасно да кажам, станува збор само само за почеток, за иницијална фаза во која двете страни искажуваат добри желби како би сакале процесот да се одвива. Но, далеку сме од подлабоко навлоегување во процесот и се уште многу далеку од негово евентуално позитивно завршување, рече шефот на државата.

Претходно се осврна и на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи дека поддршката кај граѓаните за овој процес се намалува, не само во земјава, туку и во целиот регион, а антизападната реторика во медиумите во целиот Западен Балкан е во неверојатен пораст и има тенденција да стане доминантна.

извор: МИА

Next Post

Тренчевска: Експертската поддршка од МОТ и нивното учество во новиот Закон за работни односи е од големо значење, соработката во областа на трудот продолжува

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk