ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Меѓаши“: Да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство

January 28, 2022 17:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести со цел, како што наведуваат, да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Од „Меѓаши“ посочуваат дека организирале јавна дебата на тема „Најдобар интерес за децата – за и против носењето маски и тестирањето во училиштата“, емитувана на социјалните мрежи на 27 јануари на која освен медиумите била поканета и целата јавност. На дебатата дискутирале д-р Мими Кимовска Христов од Универзитетската клиника за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје, д-р Бесник Зеќири од Институтот за белодробни заболувања кај децата, проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет при УКИМ и Ана Попризова, училишен психолог.

– Во дел од заклучоците од вчерашната дебата се наведува дека бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови. Со оглед на тековната состојба на заболени од коронавирусот сите панелисти се согласија дека е неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. Ставовите на мнозинството од панелистите околу носењето маски е дека треба да се носат во затворени простории, а сите се потив задолжително носење маски на отворено и дека е пожелно да се прават тестирања еднаш неделно во училиштата.

Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава,најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, стои во барањето од „Меѓаши“.

извор: МИА
Next Post

Сали: Сите капацитети се во функција, а здравствените работници го вложуваат својот потенцијал за да им помогнат на болните

EVN

НАЈНОВО

Може ли германскиот систем за противвоздушна одбрана да биде европски одговор на Patriot?

February 26, 2026

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

February 26, 2026

Ивица Дачиќ хоспитализиран во тешка состојба – приклучен на респиратор

February 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Како исклучувањето на Starlink ја разниша руската линија на фронтот – „останавме само со радио-станици, кабли и гулаби“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 25 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски за клевета, бара по 500.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица предлага зголемување на повратот на ДДВ од 2.100 на 4.100 денари и повисок праг за регистрација на ДДВ-обврзници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk