ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повеќе од половина од смртните случаи во француските болници поврзани со Омикрон

January 28, 2022 18:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Бројките од Одделот за истражување, студии, евалуација и статистика (ДРЕЕС) откриваат дека варијантата Омикрон сè уште ги оптоварува медицинските и болнички услуги во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Иако „помалку тежок“ од варијантата Делта или дури и од оригиналниот вид на Ковид-19, Омикрон сега ги претставува речиси сите нови контаминации во Франција: тој е откриен во 99 отсто од позитивните ПЦР тестови. Покрај тоа, поголемиот дел од жртвите на вирусот сега им се припишуваат на варијантата Омикрон, која влијаеше на 57 отсто од смртните случаи во болниците за неделата од 17. до 23 јануари.

Во истиот период се забележува дека варијантата Омикрон предизвикала 88 отсто од конвенционалните болнички приеми и 79 отсто од приемите во критична нега.

Сепак, вакцината ја докажа својата ефикасност против тешките форми на Омикрон, така што 75 отсто е ефикасна против тешки форми кај популацијата на возраст од 20 и повеќе години, а ризикот од смрт дури 90 отсто се избегнува кај луѓе на возраст од 40 и повеќе години. „Вакцината, а особено со засилената доза, останува заштитна од тешки форми на Омикрон“, вели ДРЕЕС.

Исто така времетраењето на хоспитализацијата, во оваа фаза, е нешто пократко за варијантата Омикрон во споредба со варијантата Делта.

Според ДРЕЕС, бројките од 20 декември 2021 година до 16 јануари 2022 година покажуваат дека невакцинираните луѓе на возраст од 20 или повеќе години се особено погодени од Омикрон. 

Така, овие 8 отсто од невакцинираните во француската популација на возраст од најмалку 20 години сè уште сочинуваат 16 отсто од позитивните ПЦР тестови и 39 отсто од приемите во болница. Но, пред сè, тие претставуваат 54 отсто од приемите во критична нега за Ковид-19 и 46 отсто од смртните случаи поврзани со вирусот.

извор: МИА
Next Post

Сали и Дуџак разговараа за модерен здравствен систем, унапредување на превентивните здравствени услуги и буџетирање на здравствениот сектор

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk