ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

СОНК бара второто полугодие да почне онлајн, се прошируваат болничките капацитети за КОВИД пациенти

January 28, 2022 08:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата завчера по препорака на Комисијата за заразни болести одлучи наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, но Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера побараа преиспитување на оваа одлука. Во исто време, се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот изминатите денови. Во земјава вчера беа активни 16.442 случаи на коронавирус.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во изјава за МИА вчера истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири. Тој предлага наставата да почне онлајн, а потоа да се согледа ситуацијата и доколку епидемиолошката состојба оди во надолна линија, тогаш да се направи проценка дали постојат услови за физичко присуство на наставата.

– Бараме преиспотување на одлуката од причина што сметаме дека процентот на новозаболени секојдневно е во нагорна линија и доколку учениците одат со физичко присуство постои реална можност училиштата да се претворат во кластери и вирусот побрзо да се шири. Од таа причина сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуство, вели Неделков.

Од вчера е ставен во функција Ковид–центарот на Клиниката за кожни болести и примени се првите пациенти со компликации од КОВИД-19. Во текот на денешниот ден ќе биде отворен и ковид-центарот на Клиниката за неврологија, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Во врска со бројот на хоспитализирани од Министерството посочија дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид – центрите, вкупно се хоспитализирани 579 лица. Од нив 177 лица се хоспитализирани во Скопје (на Инфективната клиника – 79, во ГОБ 8 Септември – 67, на Институтот за ТБЦ – 31), а 402 лица во останатите градови.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани 1.861 случаj на КОВИД-19 од направени  5.446 тестирања. Регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција. Вчера беа пријавени и нови 27 починати поради компликации од вирусот, како и 7.273 оздравени пациенти. Најголем број на активни случаи се во Скопје 8507, по што следи Битола со 1224, Куманово – 680, Кавадарци –  671, Прилеп – 538, Тетово – 476, Охрид – 370… Најмалку активни случаи, 11, има во Дојран.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати 8.312.

Земјите од Европа и светот пријавуваат рекордни бројки на новозаразени со КОВИД-19. Во Германија вчера за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со коронавирус, што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја. Германскиот Институт за заразни болести „Роберт Кох“ соопшти за 203.136 позитивни тестови во последните 24 часа, што е за 69.600 случаи повеќе отколку истиот ден пред една недела. Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе се искачи на 1.017 од 941 претходниот ден, додека 188 лица починаа. Со тоа, бројот на починати се зголеми на 117.314 од почетокот на пандемијата.

Германските пратеници дебатираа дали да се воведат задолжителни вакцини против Ковид-19, додека демонстранти се собраа пред зградата на Парламентот. Околу 75 отсто од германското население примило најмалку една доза од вакцината, што е помалку отколку во другите западноевропски земји како Франција, Италија или Шпанија, каде што еквивалентни бројки се 80 отсто, 83 и 86 проценти.

Иако варијантата омикрон се шири многу брзо, Агенцијата за јавно здравје на Европската Унија вчера соопшти дека засилувачката доза на вакцините против Ковид-19 може да ги намали идните хоспитализации во Европа за најмалку половина милион.

– Сегашната примена на бустер дози постигната до почетокот на јануари може да го намали болничкиот прием на пациенти инфицирани со омикрон од 500.000 до 800.000 во Европа, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Податоците опфаќаат 27 земји членки на ЕУ и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Во моментов, 70 отсто од популацијата на ЕУ е целосно вакцинирана, а половина од нив примиле дополнителна доза.

– Проширувањето на засилувачката програма на сите претходно вакцинирани лица може да го намали приемот в болница за дополнителни 300.000 до 500.000 луѓе, наведува ЕЦДЦ.

 

Next Post

Интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, ЕУ со поддршка на Скопје и Софија да го искористат моментумот за изнаоѓање решение

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk