Според најновите информации од теренот, што ги соопшти Министерот за одбрана на Украина Олексиј Резников, руската армија во моментов на копно има распоредено 112.000 војници во непосредна близина на украинската граница. Заедно со поморската и воената воздухопловна компонента, руските сили во близина на украинските граници бројат околу 130.000 војници.
„На почетокот на декември набљудувавме 41 баталјонско-тактичка група и други единици на руската армија, кои броеја 94.000 војници. Со авијациската и поморската компонента тие броеја околу 110 илјади. Сега ги следиме единиците кои бројат околу 112 илјади војници, а со поморската и авијациската компонента нивниот број се зголеми на околу 130 илјади луѓе“ – изјави министерот Резников за јавноста (28 јануари 2022).
Според министерот за одбрана, во април минатата година, борбената компонента, која ја распореди Русија, изнесуваше 126 илјади луѓе. Тој исто така информираше дека Русија распореди 300 тенкови повеќе отколку минатата година.
„Количината на модерно противтенковско оружје што го има нашата војска денес е значително поголема од бројот на потенцијални цели“ – додаде министерот.
Како што информира министерот Резников, Украина во овој период добива огромна воена помош од САД и другите земји членки и созјузнички на НАТО ја испорачуваат во овој период.
„Веќе ја примаме воената помош во вредност од 200 милиони долари во воздухопловството. Веќе пристигна помошта за анти-тенковска борба од шведско производство од Британија. Ја очекуваме и помошта од земјите во балтичкиот регион, а примаме и финансиска помош од владата на Канада, Данска и други. Не можам да откријам детали за вооружувањето што го добиваме, но верувајте, оваа помош значително ги подобрува нашите одбранбени способности“ – изјави украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников.