Барањето на ВМРО-ДПМНЕ второто полугодие наставата да продолжи онлајн, без физичко присуство е лицемерно, неискрено и лажно, велат од СДСМ во соопштение за јавноста.
– Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Задрвјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото. Лицемерието на Мицкоски нема граници, едно зборува а друго прави.
Предгала наставата да биде онлајн а Мицкоски седи во кафани и ги прекршува мерките. Предлага Собранието да има 90 пратеници а неговата ВМРО-ДПМНЕ постојано го блокира македонскиот парламент. Предлага една изборна единица а ВМРО-ДПМНЕ со години го блокираше Законот во Собранието, на штета на помалите партии. Тоа е Христијан Мицкоски, најголем лицемер и лажго, велат од СДСМ.