„Ветикот како процес, или филтрацијата, може да се направи со постојните капацитети и законски решенија. Во таа насока, ќе треба да се реактуелизираат и мотивираат капацитетите што ги имаме да бидат на ниво на задачата што ја имаат според закон“ кажа министерот за правда Никола Тупанчевски во интервју за Дневникот на МРТ.
Тој додаде дека ветинг како посебен процес нема да има, но ќе се следи работата на судиите и ќе се врши проверка на нивната работа и сите околности во најширока смисла.
„Советот на јавни обвинители и Судскиот совет се тела што треба постојано да ја следат работата на судовите и обвинителствата и ревносно да ја извршуваат својата задача“ кажа Тупанчевски.
Тој додаде дека во македонското закодавство постојат заокни за решавање на наталожените проблеми, но тие не се спроведуваат.