Кадровските промени во ВМРО-ДПМНЕ ќе и обезбедат на Белата палата само континуитет на безидејност и деструктивни политики, кочење на напредокот на државата, лажни вести и прикривање на неработењето на градоначалниците, реагираат од СДСМ на изнесени ставови на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Во Белиот дворец, нема никакви промени, таканаречените освежувања во раководството се стари кадри, докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, некои од нив ветерани на режимот на Никола Груевски. Тие непрекинато бараат предвремени избори, а немаат ниту еден предлог, мерка, решение во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека немаат капацитет за промени ниту во партијата ниту во политиките.







