ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: Дослeдно да ги почитуваме протоколите, за успешно реализирање на наставата со физичко присуство

February 1, 2022 12:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На сите ученици и наставници, им посакувам многу успеси во воспитно – образовниот процес, а најмногу им посакувам добро здравје во овие вонредни услови и состојба на пандемија која за жал сеуште трае, изјави министерот за образование Јетон Шаќири по посетата на ООУ„Конгреси и Манастирит“, каде на учениците и наставниците им посака успешен почеток на второто полугодие.

„Како што знаете, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, како тело надлежно за координација на сите мерки и активности за справување со пандемијата, а земајќи ги и предвид препораките на УНИЦЕФ како најголема светска организација која работи на  заштита и унапредување на правата на децата, Владата и МОН донесоа одлука второто полугодие да започне со одложен старт од 2 недели и со физичко присуство на сите ученици според утврдените и донесени протоколи. Наставата со физичко присуство е најдобрата опција за задоволување на интересите на учениците, влијае на квалитетот на стекнатите знаења, на социјализацијата и психофизичкиот развој“, додаде Шаќири.

Како алтернатива, посочи министерот, постојат дополнителни две сценарија. Едното е преминување на целосно онлајн настава, а другото примена на комбиниран модел, доколку дојде до промена на епидемиолошката состојба која постојано се следи и доколку такви насоки даде Комисијата за заразни болести и доколку такви заклучоци произлезат од скринингот кој ќе го спроведува Министерството за здравство на ученици одбрани по случаен избор.

„Како министерство апелираме на доследно почитување на сите мерки кои се дел од здравствените протоколи – носење маски, одржување лична хигиена преку миење раце, држење дистанца и така натаму, за да ја задржиме наставата со физичко присуство колку што е можно повеќе, бидејќи реално дава најголема ефективност по однос на знаењето на учениците и на создавањето квалитетни генерации“, истакна Шаќири, додавајќи дека согласно податоците кои се добиваат секојдневно од училиштата, бројот на новозаразени ученици со Ковид 19, во месец декември, односно на крајот на првото полугодие,  имаше значителен пад и на дневна основа изнесуваше околу 0,01 % од вкупниот број на ученици кои посетуваат настава со физичко присуство.

Очекувам, рече министерот, да не отскокнеме од ова и во второто полугодие, а за тоа е потребна лична одговорност, совесност и почитување на протоколите.

Денеска, второто полугодие од учебната 2021/2022 година, започна за околу 255 илјади ученици – 185 илјади во основните и 70 илјади во средните училишта.

Next Post

Проф. д-р Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk