ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за европски прашања ги усвои предлог-законите за инспекциски надзор и сметководство

February 2, 2022 15:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за европски прашања на денешната 30. седница ги усвои предлог-законите за инспекциски надзор во животната средина и за вршење сметководствени работи, двата во прво читање и ги даде на натамошно разгледување. За Предлогот на закон за вршење сметководствени работи беше едногласно прифатен предлогот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски меѓу првото и второто читање да биде отворена јавна расправа за предложениот закон.

На почетокот на седницата министерот за животна средина Насер Нуредини ја образложи потребата од донесување на Закон за инспекциски надзор во животната средина, кој воедно е и усогласување со европската регулатива.

– Овој предлог на закон се усогласува со Препораката на Европскиот Парламент и на Советот за обезбедување на минимум критериуми за инспекција во животната средина во земјите членки од 4 април 2001 година. Дополнително, со во овој закон се врши усогласување и со Директивата од 2010/75/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 24 ноември 2010 година за емисии од индустријата и Директива 2012/18/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 4 јули 2012 година за контрола на опасностите од големи несреќи кои вклучуваат опасни супстанции, вели Нуредини.

Тој посочи дека предлог-законот се темели врз начелото за интегриран пристап при вршењето на инспекцискиот надзор и начело на транспарентност и учество на јавноста.

– Со донесување на овој закон ќе се добие од една страна, повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина, кој ќе обезбеди надминување на сегашните предизвици со човечките ресурси како и соодветно планирање на инспекциски надзор на централно и локално во согласност со политиките за животна средина. Од друга страна, подетално уредени постапки за итни и вонредни надзори. Новите елементи на овој закон се во насока на координирано планирање на инспекциски надзор на целата територија на државата, истакна министерот Нуредини.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов рече дека 50 отсто од општините немаат инспектор за животна средина, што е проблем да се покрие цела територија на државата.

– Колку и да е добар законот, постои можност да остане добар само на хартија а да не се примени во пракса. Кој ќе го спроведува законот ако немате вработено инспектори, рече Трајанов.

Тој забележа дека за спроведување на законот не се предвидени пари, но, како што рече, мора да се вложува во заштита на животната средина, да се вложува во обука на кадри.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова рече дека таа смета оти законот ќе има финансиски реперкусии имајќи предвид дека ќе треба да се вработат инспектори.

Таа препорача на расправата да бидат поканети и невладините организации кои се занимаваат со животна средина.

По едногласното усвојување на Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, Комисијата за европски прашања продолжи да го разгледува Предлог-законот за вршење на сметководствени работи поднесен од Министерството за финансии.

Предлог законот го образложи државниот советник Магдалена Симоновска, која рече дека со новото законско решение се подигнуваат професионалните способности и вештини на сметководителите.

Таа посочи дека од досегашната примена на Законот се утврди потреба за доуредување на определени прашања поврзани со организацијата на Институтот за сметководители и овластени сметководители, континуираното професионално усовршување, контролата на работењето, надзорот над работењето на Институтот, како и за воведување на стручен испит за влез во сметководствената професија. Дополнително, мандатите на органи и комисии на Институтот се истечени, поради што има потреба и од уредување на начинот на избор на новиот состав на органите и комисиите на Институтот.

– Се предлага надзорот врз работата на Институтот да го врши Советот за унапредување и надзор на сметководствената професија, како независно, регулаторно тело со јавни овластувања, рече Симоновска.

Таа посочи дека законот се усогласува со европската легислатива.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски посочи дека со Предлог-законот се предвидува формирање на Совет за унапредување и надзор на сметководствената професија, кој ќе го сочинуваат пет членови, од кои тројца ќе бидат по предлог на министерот за финансии, со што се отвора простор политиката да се меша во работата на сметководителите.

Тој побара меѓу двете читања на Предлог-законот да се отвори јавна расправа во која ќе бидат вклучени сите засегнати од законското решение. Предлогот на Стојановски беше прифатен од другите членови на Комисијата за европски прашања.

извор: МИА

Next Post

Вистиномер: Лага е дека ковид-19 не постои, дека нѐ прскаат од авиони и дека нѐ чипираат со вакцините

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk