Како мало девојче Џорџина Родригез сакала да биде танчерка. Но, нејзиното семејство било премногу сиромашно за да ја испрати на часови и затоа таа морала да ги промени своите соништа, фокусирајќи се наместо тоа на кариера во модата од високата класа. Сега, кога мајката и партнерката на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, Родригез (28) има повеќе пари отколку што можела да замисли. Таа живее таков живот во кој нејзиниот маж ја испраќа со приватен авион на вечера со ѕвезда на Мишелин и престој во луксузен хотел. Нејзиниот живот се нештата од кои се направени соништата – толку многу што Нетфликс започна шоу за нејзиниот живот, Јас сум Џорџина, на 27 јануари.
Еве како Родригез стана принцеза на фудбалот.
Eдноставно детство
Не е лесно да се успее во Мадрид
Неверојатна романса
Во 2016 година, Родригез работела како продавач во Гучи. Таму првпат го запознала Роналдо. Таа кажа во своето интервју дека била многу „срамежлива“ околу него, но објасни дека тоа е љубов на прв поглед за двајцата. Неколку дена подоцна тие повторно се сретнаале на настан на Долче и Габана каде што можеле да бидат поопуштени и да започнат да разговараат.
Според The Sun, Родригез била „отпуштена“ од својата работа откако светот дознал за нејзината врска со фудбалската икона. Изданието напиша дека газдите мислеле дека вниманието на обожавателите ќе го одложи плаќањето на клиентите да влезат во продавницата.
Тој богат “мама” стил
Двојката ја има четиригодишната ќерка Алана Мартина, а во октомври 2021 година објавија дека очекуваат близнаци. Родригез ги воспитува и своите петгодишни близнаци Ева и Матео, родени преку сурогат мајчинство, и 11-годишниот Кристијано Роналдо помладиот (чија мајка не е откриена). Таа за италијански Elle изјави дека нејзиниот живот е „обичен“ и се состои од организирање појадок и ручек за децата и облекување за на училиште, пред да оди во теретана или спа.
Искористување на максимумот од богатството
Ѕвездата на Нетфликс
Роналдо, кој е познат, сега има девојка со свое реално ТВ шоу. Јас сум Џорџина имаше премиера на Нетфликс на 27 јануари. Серијата би требало да даде подлабок увид во жената која го зароби срцето на Роналдо и да покаже како таа си го направила својот пат во животот, отсекувајќи кариера за себе, и покрај нејзиното тешко минато.
Владанка Крстевски