ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовирана книгата „Застапеност на психолошкото во законот за детска заштита на Северна Македонија“

February 2, 2022 14:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во хотел Милениум – Битола, се одржа промоција на книгата – Застапеност на психолошкото во законот за детска заштита на Р. Северна Македонија од авторите м-р Андријана Паскоска и проф. д-р Мирослав Пендароски.

Книгата е екстензија на магистерскиот труд на главната авторка, одбранет на Меѓународниот Славјански Универзитет – ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН.

На промоцијата главен промотор беше проф. д-р Марија Котевска Котевска Димовска, психолог, гешталт психотерапевт. На промоцијата збор земаа и авторите. М-р Андријана Паскоска како прв автор говореше за содржината на книгата и ја претстави во детали нејзината содржина.

Проф. Пендароски како втор автор даде опширен осврт на конекцијата на книгата со поширокиот контекст на општествената грижа за една од најранливите и најзначајните популации не само кај нас туку и пошироко – децата. Тој посочи на значењето на психолошките појави кои не се доволно застапени во законот за детска заштита на Република Северна Македонија.

Андријана Паскоска

Главниот промотор на настанот, проф. Котевска Димовска говореше за најзначајниот придонес на книгата, имено нејзината употребна вредност од аспект на можноста книгата да понуди подобри законски решенија при надополнување на законот за детска заштита. Таа даде и една поширока психолошко-хуманистичка димензија на квалитетите на книгата, од аспект на нејзиниот придонес за севкупното здравје на децата и нивниот пшравилен развој.

Книгата е научно-истражувачки и научно-стручен труд кој со употреба на методот на анализа на содржина го анализира текстот на законот од аспект на застапеност на зборови кои укажуваат на четири категории во законот: социјалното, егзистенцијалното, педагошкото и психолошкото. Хипотезите дека психолошкото е најмалку застапено во споредба со другите три категории на законот за детска заштита се потврди и тоа укажува на потребата психолошкото да биде позастапено во законот за заштита на децата.

Целта на книгата, која патем, изобилува и со теоретски концепции од областа и пошироки контексти во општеството, е меѓу другото, да укаже на важноста на менталното здравје на децата и грижата за нивниот личен развој. Книгата е одлично четиво за сите засегнати професионалци: психолози, социјални работници, правници и сите кои се занимаваат со проблематиката на детската заштита во нашата држава. Таа е одлично четиво и за сите студенти од хуманистичките и помагачките струки.

Next Post

Бочварски: Обезбедени нови 3 илјади транспортни дозволи за домашните транспортери

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk