Една недела по изјавата на Министерката за одбрана Славјанка Петровска во која изрази поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, го слушнавме и ставот на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 (2 февруари).
„Ние секогаш треба да го следиме ставот на САД особено ако тој став не е на наша директна штета, а во случајот со Украина, не е на наша штета. Македонија треба да го поддржи територијалниот интегритет на Украина“ – изјави Николоски во емисијата.